Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 14:6 - Compare All Versions

Откровение 14:6 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Потоа забележав еден друг ангел кој леташе во небесните височини. Тој го носеше вечното Евангелие за да им го проповеда на луѓето од сите раси, племиња, јазици и народи на Земјата.

Откровение 14:6 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ.

Откровение 14:6 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ