Римјаните 10:11-13
Римјаните 10:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Светото Писмо вели вака: „Ниту еден од оние што веруваат во Него нема да се разочара!“ Без оглед на тоа дали се работи за Евреин или за припадник на некој друг народ. Единствениот Господ што постои е за сите и Тој е дарежлив спрема сите што бараат помош од Него. „Секој што ќе Му се обрати на Господ, ќе биде спасен.“
Римјаните 10:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“ Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат. Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.
Римјаните 10:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.“ Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат, зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.“