Римјаните 14:19-23
Римјаните 14:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа, да се стремиме кон она што внесува мир меѓу христијаните и заемно не изградува. Немојте заради храна да го рушите Божјото дело! Навистина, се смее да се јаде, но лошо е ако со она што го јадете предизвикувате некој да се соблазни. Најдобро е да не јадете месо, да не пиете вино и да не правите ништо што може да предизвика некој од христијаните да се соблазни. Тоа што го верувате во врска со овие нешта, нека остане меѓу вас и Бог. Среќен е оној што не се чувствува виновен кога прави нешто што го смета за правилно. Но ако некој се колеба дали нешто смее да јаде, или не, а сепак го јаде, тој самиот себе се осудува, бидејќи не постапува со цврста увереност. Се што правите спротивно од вашето цврсто уверување е грев.
Римјаните 14:19-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така, да го бараме она што служи за мир и взаемно надградување. Поради јадење не уривај го делото Божјо! Навистина сѐ е чисто, а тешко е за оној човек, кој јаде поради соблазна; подобро е да не јадеш месо, да не пиеш вино и да не правиш ништо од кое братот твој би можел да се сопне, или да се соблазнува, или, пак, да слабее. Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога. Блазе на оној кој не се осудува себе самиот за она што го одобрува. А ако некој се сомнева кога јаде, осуден е; зашто не јаде со вера; а сѐ што не е според верата, грев е.
Римјаните 14:19-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, да го бараме она, што е за мир и за заемна надградба! Не разурнувај го Божјото дело - заради јадење! Сѐ е чисто; но е зло за човекот, кој јаде на соблазан. Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто, поради што твојот брат се сопнува или соблазнува, или слабее. Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога! Блажен е оној, кој не се осудува себеси за она, што го смета за добро. А кој се сомнева кога јаде, се осудува, зашто не е од вера; а сѐ што не е од вера, грев е.