Тит 2:13-14
Тит 2:13-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
очекувајќи го тој прекрасен ден на кој се надеваме, кога величествено ќе се врати нашиот Велик Бог и Спасител Исус Христос. Тој се жртвуваше за нас, за да не ослободи од секаков грев и да не направи чисти. Тој сака ние да бидеме Негов народ и од се срце да го правиме она што е добро.
Тит 2:13-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос, Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.
Тит 2:13-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сѐмоќен Бог и Спасител, Исус Христос, Кој се даде Самиот Себе место нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да очисти за Себе сопствен народ, кој Му припаѓа, кој ревнува за добрите дела.