Јован 14
14
Исус е патот кон Отецот
1 #
14,27; 2 Мојс 14,31; 5 Мојс 1,21; 2 Лет 20,17.20; Мк 11,22 „Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене верувајте. 2Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? 3#8,35; 12,26; 17,24; 5 Мојс 1,33; Фил 1,23; 1 Сол 4,17; Евр 6,19-20; Откр 22,17.20Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. 4А каде одам Јас знаете и патот го знаете.“ 5#11,16; 13,36; 20,24-29Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ 6#1,4.14; 3,16; 10,9; 11,25; 18,37-38; Дела 9,2; Евр 10,20Исус му рече: „Јас сум Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. 7#8,19; 12,45; 2 Кор 4,4Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ 8#1,43-44Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ 9#1,18; 12,45; 2 Мојс 33,11; Сир 4,14; Кол 1,15; Евр 1,3Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ 10#12,49-50; 17,21Не веруваш ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. 11#10,37-38Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата. 12#7,33; 13,1; 14,28; Мт 21,21Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец; 13#15,7.16; 16,23-24.26; 17,1.5; Јк 1,5и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. 14Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“
Ветување за Светиот Дух
15 #
15,10; 5 Мојс 6,4-9; Мудр 6,18; 1 Јн 5,3; 2 Јн 1,6 „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. 16#1,33; 15,26; 16,7.13Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека, 17#1,10; Мт 10,20; Рим 8,26; 1 Кор 2,12.14; 1 Јн 4,6; 2 Јн 1,1-2Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. 18#14,3.28Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. 19#7,33; 6,57; 16,16Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете. 20#10,30.38; 17,11.21-23; Ис 2,17Во оној ден вие ќе разберете дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Мене, и Јас сум во вас. 21#16,27; 17,26; Изреки 8,17; Мудр 6,12.18; Сир 4,14Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам.“ 22#7,4; Лк 6,16; Дела 1,3; 10,40-41; Јуда 1,1Му рече Јуда, не Искариотски: „Господи, зошто сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?“ 23#3 Цар 8,27; Ез 37,26-27; Зах 2,10; Изреки 8,17; 2 Кор 6,16; Ефес 3,17; Откр 3,20; 21,3Исус одговори и му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе направиме. 24#7,16Кој не Ме љуби, не го запазува словото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме испрати. 25Ова ви го реков, бидејќи сум со вас. 26#2,22; 16,13-15А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви напомни за сѐ што сум ви зборувал. 27#14,1-3; 16,33; 20,19.21; Ис 9,6; Зах 9,9-10; Рим 5,1; Ефес 2,14-18; Фил 4,7; 2 Сол 3,16Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува. 28#13,1; 20,17; Мк 13,32Чувте дека Јас ви реков: ‚Заминувам од вас и пак ќе дојдам кај вас.‘ Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам кај Отецот, зашто Мојот Отец е поголем од Мене. 29#13,19; 16,4И сега ви кажав, уште пред да се случи, та кога ќе се случи, да поверувате. 30#12,31; 16,11Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто иде кнезот на овој свет и во Мене тој нема ништо. 31#6,38; 12,49; 15,10; Мт 26,46Но за да разбере светот дека Го љубам Отецот и, како што Ми заповеда Отецот, така правам. Станете да си одиме одовде!“
Одоогоор Сонгогдсон:
Јован 14: MK2006D
Тодруулга
Хуваалцах
Хувилах
Тодруулсан зүйлсээ бүх төхөөрөмждөө хадгалмаар байна уу? Бүртгүүлэх эсвэл нэвтэрнэ үү
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: