Лука 17
17
1Еден ден, Исус им се обрати на Своите ученици: „Искушенија што наведуваат на грев секогаш ќе има, но тешко на оној преку кого доаѓаат!
2Подобро би било да му врзат воденички камен околу вратот и да го фрлат в море, отколку да наведе на грев некое малечко.
3Внимавајте на себе! Ако ти згреши братот, укори го, па ако се покае - прости му.
4Дури и седумпати на ден ако ти згреши и секојпат дојде кај тебе и ти рече: ,Се каам‘ - прости му.“
5Апостолите Го замолија Господ Исус: „Зголеми ја верата во нас!“
6А Исус им одговори: „Ако имате вистинска вера само колку едно синапово зрно, би можеле да и кажете на оваа црница: ,Искорни се и пресади се в море!‘ - и таа ќе ве послуша!“
7„Замислете си дека имате слуга кој сте го пратиле да ора или да ви ги пасе овците. Кога ќе се врати од полето, дали најпрво му велите: ,Седни и бргу вечерај!?‘
8Нема ли најпрво да му заповедате да подготви вечера за вас, да се препаше и да ве служи, па дури потоа тој да јаде и да пие?
9Зар му должите благодарност на слугата што ја извршил вашата заповед?
10И вие сте во слична положба: ако го извршите сето она што ви е заповедано, можете само да кажете: ,Ние сме само слуги кои си ја вршат својата должност, свесни дека за тоа не ни следува никаква пофалба.‘“
11На Својот пат кон Ерусалим, Исус минуваше по должината на границата меѓу Самарија и Галилеја.
12Токму кога влегуваше во едно село, Го пресретнаа десет заболени од лепра. Застанаа на извесно растојание
13и повикаа: ,Исусе! Господару! Имај милост спрема нас!‘
14Исус ги погледна и им рече: ,Одете на преглед кај свештениците!‘ Додека одеа таму, оздравеа.
15Еден од нив, кога виде дека оздраве, се врати кај Исус, славејќи Го Бога на сиот глас.
16Падна ничкум пред Исусовите нозе и почна да Му се заблагодарува. Тој човек беше Самарјанец.
17Тогаш Исус рече: „Зар не исцелив десетмина? Каде се останатите девет души?“
18Ниеден од нив не се врати да Му заблагодари на Бог, освен овој туѓинец.
19Потоа Исус му рече: „Стани и оди си, твојата вера те исцели!“
20Еден ден, некои од фарисеите Го прашаа Исуса: „Кога ќе завладее Божјото царство?“ Неговиот одговор гласеше: „Божјото царство не доаѓа на видлив начин.
21Не може да се каже: Еве го овде! или Ене го онде! Божјото царство е меѓу самите вас.“
22Потоа им рече на Своите ученици: „Ќе дојде време кога ќе копнеете да Ме видите Мене, Синот Човечки, макар и само еден ден, но нема да Ме видите.
23Ќе има луѓе што ќе ви зборуваат: ,Ене Го онде!‘ или ,Еве Го овде!‘
24Не одете по нив да Го барате, зашто, како што молскавицата светка на едниот крај на небото, а болскотот и се гледа до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки на денот на Неговото враќање.
25Но Тој најпрво ќе мора да настрада и да биде отфрлен од оваа генерација.
26Во времето кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде слична со онаа во времето на Ное:
27луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да се женат и да се мажат, сe додека Ное не влезе во ковчегот и настапи потопот, кој сите нив ги погуби.
28Состојбата во светот ќе биде како во времето на Лот: луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да купуваат и да продаваат, да садат и да градат.
29Но штом Лот излезе од Содом, од небото се истури оган и сулфур и сите ги погуби.
30Истото ќе се случи и кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки.
31Во тој ден, оној што ќе се најде на покрив, нека не слегува по својата покуќнина! Тој што ќе се најде в поле, нека не се враќа дома!
32Сетете се што и се случи на Лотовата жена!
33Оној што ќе настојува грчовито да си го зачува животот - ќе го загуби, а тој што до смрт ќе го вложи во Божја служба - ќе го запази!
34Таа ноќ, од двајца што ќе спијат во ист кревет - едниот ќе биде земен, а другиот оставен.
35Од две жени што ќе мелат заедно - едната ќе биде земена, а другата оставена.
36(„Двајца ќе работат на нива, едниот ќе биде земен, а другиот оставен.“)
37Учениците Го запрашаа: „Кај ќе се случи тоа, Господе?“ Тој им одговори: „Каде што е мршата - таму ќе се соберат и мршојадците!“
सध्या निवडलेले:
Лука 17: MNT
ठळक
सामायिक करा
कॉपी करा
तुमचे हायलाइट तुमच्या सर्व डिव्हाइसेसवर सेव्ह करायचे आहेत? साइन अप किंवा साइन इन
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: