Лука 18
18
1Потоа Исус им ја кажа следнава споредба, за да им покаже дека треба постојано да се молат и да не се обесхрабруваат.
2„Во еден град имаше судија кој немаше ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето.
3Во истиот град имаше и една вдовица, која честопати доаѓаше кај него и го молеше: ,Заштити ме од мојот противник!‘
4Судијата долго време не преземаше ништо, но најпосле си рече: ,Иако јас немам ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето,
5сепак, заради упорноста на оваа жена ќе се заложам за неа, за да престане да доаѓа и да ми додева!‘“
6Во продолжение, Господ рече: „Чувте ли што рекол неправедниот судија?
7Зар нема и Бог да се заземе за Своите луѓе, кои Му се молат дење и ноќе!? Зар ќе задоцни со Својата помош?
8Ве уверувам дека Тој брзо ќе се заземе за нив! Само, ќе најдам ли Јас, Синот Човечки, луѓе што ќе имаат вера кога ќе се вратам на Земјата?“
9За оние што беа самоуверени во својата праведност и ги потценуваа другите, Исус ја кажа следнава споредба:
10„Двајца мажи влегоа во храмот да се молат; едниот беше фарисеј, а другиот собирач на данок.
11Горделивиот фарисеј стоеше одвоено и се молеше вака: ,Ти благодарам, Боже, што јас не сум грешник, како што се другите луѓе: разбојници, нечесни, прељубници; ниту пак како овој собирач на данок, овде!
12Двапати неделно постам и во храмот давам десеток од сите мои приходи!‘
13А собирачот на данок стоеше подалеку и не се осмелуваше ни да погледне кон небото, туку се удираше во градите и се молеше вака: ,Боже! Имај милост спрема мене, зашто јас сум грешник!‘
14Ве уверувам дека собирачот на данок, а не фарисејот, си замина оправдан пред Бога! Зашто, оној што се крева на големо - ќе биде понижен, а оној што се понизува - ќе биде издигнат!“
15Некои луѓе Му ги носеа на Исус своите дечиња, за да ги благослови, полагајќи раце врз нив. Кога Исусовите ученици го видоа тоа, почнаа да ги одвраќаат,
16но Исус ги повика децата кај Себе и рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај Мене и не спречувајте ги, зашто Божјото царство им припаѓа на таквите како нив!
17Ве уверувам дека тие што нема да го прифатат Божјото царство како малите деца - нема да влезат во него!“
18Еден од еврејските старешини Го праша Исуса: „Добар Учителе! Што треба да сторам за да се здобијам со вечен живот?“
19Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар и никој друг.
20Заповедите ги знаеш: ,Не врши прељуба, не убивај, не кради, не обвинувај лажно, почитувај ги татка си и мајка си ...‘“
21Човекот одговори: „Спрема сите овие заповеди се придржувам уште од својата младост.“
22Слушајќи го ова, Исус му рече: „Ти недостасува уште само една работа: продај сe што имаш, раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатства на небото. Потоа, дојди и биди Мој следбеник.“
23Кога го чу ова, човекот се разочара, зашто беше многу богат.
24Забележувајќи дека човекот се разочара, Исус рече: „Колку е тешко богат човек да влезе во Божјото царство!
25Полесно ќе се спровре камила низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во Божјото царство!“
26Тие што Го слушаа, Го запрашаа: „Тогаш, кој може да се спаси!?“
27Исус им одговори: „Тоа што не можат да го сторат луѓето, може да го стори Бог.“
28Тогаш Петар Му рече: „Ете, ние оставивме сe што имавме и станавме Твои следбеници!“
29Исус одговори: „Ве уверувам дека секој што оставил куќа, жена, браќа, родители или деца заради Божјото царство,
30ќе добие многу повеќе, уште на овој свет, а и вечен живот на идниот свет!“
31Потоа Исус ги поведе со Себе дванаесеттемина Свои ученици и им рече: „Слушајте! Сега ќе влеземе во Ерусалим, каде што за Синот Човечки ќе се исполни сe што претскажале пророците.
32Тој ќе им биде предаден на Римјаните кои ќе Го исмеваат, ќе Го навредуваат и ќе Го плукаат,
33ќе го камшикуваат и ќе Го погубат, но на третиот ден Тој ќе воскресне.“
34Меѓутоа, учениците не разбраа ништо од ова; овие зборови им звучеа таинствено и им остана нејасно, што сакаше Исус да им каже.
35Кога Исус се доближи до градот Јерихо, крај патот седеше еден слеп човек и просеше.
36Кога слепиот слушна дека крај него минува толпа народ, запраша: „Што се случува?“
37Тие му одговорија: „Минува Исус од Назарет!“
38Тогаш слепиот повика: „Исусе, Сине Давидов, имај милост спрема мене!“
39Минувачите го замолкнуваа, но тој викаше уште погласно: „Исусе, Сине Давидов, имај милост спрема мене!“
40Исус запре и заповеда да Му го донесат слепиот. Кога се доближи, Исус го праша:
41„Што сакаш да сторам за тебе?“ Тој одговори: „Да прогледам, Господе!“
42Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те исцели!“
43Во истиот миг, човекот прогледа и Му се придружи на Исус, славејќи Го Бога, а и сиот народ, кога го виде ова, Му оддаваше слава на Бог.
सध्या निवडलेले:
Лука 18: MNT
ठळक
सामायिक करा
कॉपी करा
तुमचे हायलाइट तुमच्या सर्व डिव्हाइसेसवर सेव्ह करायचे आहेत? साइन अप किंवा साइन इन
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: