Лука 19
19
1Исус влезе во Јерихо и мина низ градот.
2Одеднаш, Му пристапи еден човек, по име Закеј, кој беше богат даночен управник.
3Тој се обидуваше да види како изгледа Исус, но беше низок по раст и од многубројниот народ не можеше да Го види.
4Затоа, тој истрча пред народот и се искачи на една дива смоква крај која требаше да помине Исус, за да Го види.
5Кога Исус втаса до тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закеј! Слези брзо! Денес доаѓам во твојот дом!“
6Закеј бргу слезе и сиот радосен Го прими Исуса на гости во својот дом.
7Сите што го видоа ова, почнаа да негодуваат, велејќи: „Отиде на гости кај грешен човек!“
8Закеј стана и Му рече на Господ Исус: „Господе! Еве, половината од мојот имот ќе им ја разделам на сиромасите, а доколку некого сум оштетил ќе му надоместам четирикратно!“
9Во одговор, Исус рече: „Денес во овој дом пристигна спасението; зашто овој човек покажа дека е чедо Авраамово.
10А Јас, Синот Човечки, дојдов за да ги барам и да ги спасам оние што се загубени.“
11Додека народот го слушаше ова излагање, Исус во продолжение им раскажа уште една споредба. Причината беше тоа што луѓето мислеа дека сега ќе биде воспоставено Божјото царство, бидејќи Исус веќе се приближуваше кон Ерусалим.
12Тој им рече: “Еден човек, од благородничко потекло, се упати во една далечна земја, каде што требаше да биде прогласен за цар, а потоа планираше да се врати.
13Пред да замине, тој ги повика своите десет слуги, им даде десет големи сребреници, па им рече: ,Тргувајте со овие пари додека се вратам.‘
14Неговите сограѓани го мразеа овој човек и по него испратија гласници да порачаат: ,Не сакаме тој да царува над нас!‘
15Човекот сепак беше прогласен за цар и се врати во својот крај. Веднаш заповеда да ги повикаат слугите на кои им ги беше дал парите, за да чуе кој колку спечалил.
16Дојде првиот и му рече: ,Господару! Со твојот сребреник спечалив уште десет сребреници!‘
17Господарот му одговори: ,Одлично! Ти си добар слуга! И бидејќи ја оправда довербата во оваа мала задача, еве, те поставувам за управител над десет градови!‘
18Дојде вториот слуга и му рече: ,Господару! Со твојот сребреник спечалив уште пет сребреници!‘
19Господарот и нему му одговори: ,Тебе те поставувам за управител над пет градови!‘
20Дојде и третиот слуга и рече: ,Господару! Еве ти го назад твојот сребреник. Го чував врзан во шамиче,
21зашто се плашев од тебе, знаејќи дека си строг човек: земаш од каде што не си вложил и жнееш каде што не си сеел!‘
22Но Господарот му рече: ,Расипан слуго! Твоите зборови ќе ги искористам за да те осудам! Кога си знаел дека сум строг човек и дека земам од каде што не сум вложил и жнеам каде што не сум сеел,
23зошто не го вложи мојот сребреник во некоја банка, па кога ќе се вратев, ќе си го подигнев со камата!?‘
24Потоа, господарот им рече на оние околу него: ,Земете го сребреникот од него и дајте му го на оној што има десет сребреници!‘
25Тие му рекоа: ,Господару, тој веќе има десет сребреници!‘
26Но тој им одговори: ,Ве уверувам, дека, на оној што веќе има спечалено нешто, ќе му се даде уште, а од оној што нема спечалено ништо, ќе му се одземе и тоа што го има!
27А сега, доведете ги и погубете ги пред мене сите мои непријатели, кои се противеа на моето царување над нив!‘“
28Завршувајќи го излагањето, Исус, на чело на народот, продолжи да се искачува кон Ерусалим.
29Кога се приближи до Бетфага и Бетанија, на Маслиновата Гора, испрати двајца од Своите ученици
30и им рече: „Одете до селото што е пред вас. На влезот во селото ќе најдете врзано младо магаре кое никој досега не го јавал. Одврзете го и доведете го.
31Ако некој ве праша: ,Зошто го одврзувате?‘, кажете му дека Му е потребно на Господ.“
32Тие заминаа и најдоа сe како што им беше кажал Исус.
33Кога го одврзуваа магаренцето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето?“
34Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ!“
35и го доведоа кај Исус, ги положија своите облеки врз магаренцето, па Го качија Исуса.
36Додека Тој јаваше, народот ги постилаше своите облеки по патот.
37Кога се доближи до Ерусалим, на падините на Маслиновата Гора, големиот број Негови ученици почнаа радосно и гласно да пеат, славејќи Го Бога за сите величествени нешта што ги беа виделе, велејќи:
38„Благословен нека биде Царот, Кој доаѓа во името на Господ! Мир на небото и слава на Бог во височините!“
39Тогаш, некои од фарисеите кои се најдоа меѓу народот, Му рекоа: „Учителе! Нареди им на Твоите ученици да замолкнат!“
40Исус им одговори: „Да ви кажам нешто: Ако тие замолкнат, камењата ќе извикуваат!“
41Кога Исус се приближи до Ерусалим и го виде пред Себе, заплака за него,
42и рече: „Ех, кога би знаел ти денес што е потребно за да има мир во тебе! Но твоите очи сега не можат да го видат тоа.
43Ќе дојде време кога твоите непријатели ќе те опколат со барикади, ќе те стават под опсада и ќе те затворат од сите страни.
44До темел ќе те разурнат и ќе ги погубат твоите жители, ниту камен врз камен нема да остават, сe поради тоа што ти не го препозна времето кога Бог те посети за да ти понуди спасение!“
45Потоа Исус влезе во храмот и почна да ги исфрла оние што таму тргуваа,
46велејќи: „Во Светото Писмо стои напишано дека Бог рече: ,Мојот храм нека биде место за молитва‘, а вие го претворивте во разбојничко дувло!“
47Исус поучуваше во храмот секој ден. А свештеничките поглавари, вероучителите и водачите на народот настојуваа да Го убијат,
48но не наоѓаа погоден начин, зашто сиот народ Го слушаше и не сакаше да пропушти ниту збор.
सध्या निवडलेले:
Лука 19: MNT
ठळक
सामायिक करा
कॉपी करा
तुमचे हायलाइट तुमच्या सर्व डिव्हाइसेसवर सेव्ह करायचे आहेत? साइन अप किंवा साइन इन
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: