YouVersion लोगो
सर्च आयकॉन

Лука 20

20
1Еден ден, додека Исус го поучуваше народот во храмот и му ја проповедаше Радосната вест, Му пријдоа свештенички поглавари, вероучители и старешини
2и Го прашаа: „Со какво право го вршиш ова? Кој Те овластил?“
3А Тој им одговори:
4„Да ве прашам и Јас нешто. Кажете ми, од каде го доби Јован Крстител правото да крштава: од Бога или од луѓето?“
5Тие почнаа меѓу себе да разговараат, прашувајќи се: „Ако кажеме дека го доби од Бога, ќе ни рече: ,Тогаш, зошто не му поверувавте!?‘
6Ако пак кажеме дека го доби од луѓето, сиот овој народ ќе нe каменува, зашто е уверен дека Јован беше пророк!“
7Затоа, Му одговорија дека не знаат.
8Тогаш Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам кој Ми го даде правото да го правам ова што го правам!“
9Потоа Исус му ја кажа на народот следнава споредба: “Еден човек си насади лозје, им го даде под наем на лозарите и си замина од тој крај на подолго време.
10Кога дојде времето за гроздобер, тој прати еден од своите слуги за да му го донесе делот од бербата што му припаѓа како надомест. Но лозарите го натепаа и го испратија со празни раце.
11Потоа прати друг слуга, но лозарите и него го натепаа, го понижија и го испратија со празни раце.
12Прати и трет слуга, но лозарите и него го претепаа и го избркаа.
13Тогаш сопственикот на лозјето рече: ,Што да правам? Ќе го испратам мојот син - љубимецот мој; се надевам дека спрема него ќе покажат почит.‘
14Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа еден на друг: ,Еве го наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘
15Исфрлајќи го надвор од лозјето, тие го убија. Сега, што ќе им направи сопственикот на лозарите?
16Ќе дојде и ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари!“ А луѓето што го слушаа ова, рекоа: ,Да не даде Господ вакво нешто да се случи!‘
17Исус ги погледна и ги праша: „Тогаш, што значат следниве зборови запишани во Светото Писмо: ,Каменот што ѕидарите го отфрлија, стана камен - темелник‘?
18Секој што ќе се сопне од тој камен ќе се распарчи, и врз кого тој ќе падне - ќе го здроби!“
19Во тој момент, вероучителите и свештеничките поглавари сакаа да Го уапсат Исуса, бидејќи сфатија дека кажаната споредба се однесува на нив; но се плашеа од народот.
20Продолжија да Го држат на око, а Му испраќаа и поткажувачи кои се преправаа дека се искрени, за да Го уловат на зборови и да Го поткажат на властите и на покраинските управници.
21Тие Му велеа: „Учителе, знаеме дека тоа што го зборуваш и го учиш е правилно. Знаеме дека Ти не гледаш на тоа кој е кој, туку вистинито го проповедаш Божјиот пат.
22Кажи ни, дали ние треба да му плаќаме данок на римскиот император, или не?“
23Исус го проѕре нивното лукавство, па им рече:
24„Покажете ми една римска монета. Чиј лик и име се втиснати на монетата?“ Тие Му одговорија: „На императорот“.
25Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога - тоа што Му припаѓа на Бога!“
26И не можеа да Го уловат на збор пред народот, па затоа, вчудовидени, замолкнаа.
27Тогаш на Исус Му пријдоа некои садукеи (тие не веруваат во воскресение на мртвите) и Го прашаа:
28„Учителе! Мојсеј ни остави ваков пропис: Ако некој човек умре, оставајќи ја својата жена без пород, тогаш со неа нека се ожени братот на починатиот, за да му подигне пород кој ќе се смета за потомство на починатиот човек.
29Си беа седуммина браќа. Најстариот се ожени и умре без да има деца.
30Тогаш вториот по возраст брат ја зеде жената,
31а по него и третиот, и така по ред - до седмиот. Сите тие умреа не оставајќи пород зад себе.
32На крајот умре и жената.
33Сега, чија жена ќе биде таа по воскресението, со оглед на тоа што им била жена на сите седуммина?“
34Исус им одговори: „На овој свет мажите и жените стапуваат во брак,
35додека оние што ќе бидат достојни за оној свет и за воскресението, ниту ќе бидат женети, ниту мажени.
36Тие ќе бидат како ангели и ќе бидат бесмртни. Ќе бидат Божји чеда, бидејќи се чеда на воскресението.
37А и Мојсеј јасно покажа дека мртвите воскреснуваат, кога во настанот со ,разгорената грмушка‘ Му се обрати на Господ со: ,Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.‘
38Очигледно, Тој е Бог на живите, а не на мртвите, и за Него сите се живи!“
39На ова, некои од вероучителите Му рекоа: ,Добро им одговори, Учителе!‘
40И повеќе не се осмелија да Му поставуваат никакви прашања.
41Исус ги запраша: „Како може да се смета дека Месијата е потомок на Давид?
42Не вели ли самиот Давид, во книгата на Псалмите, вака: ,Јахве Му рече на Мојот Господ: седни од Мојата десна страна,
43додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘
44Значи, Давид Го нарече Него ,Господ‘; како може, тогаш, Месијата да биде Давидов потомок?“
45Додека сиот народ Го слушаше, Исус им се обрати на Своите ученици:
46„Чувајте се од вероучителите кои сакаат да шетаат во своите долги облеки и да бидат поздравувани на јавните места; да седат на челните места по синагогите и на почесните места на гозбите!
47Тие ги искористуваат вдовиците и ги ограбуваат нивните домови, а потоа редат долги молитви! Затоа, тие ќе бидат посурово казнети!“

सध्या निवडलेले:

Лука 20: MNT

ठळक

सामायिक करा

कॉपी करा

None

तुमचे हायलाइट तुमच्या सर्व डिव्हाइसेसवर सेव्ह करायचे आहेत? साइन अप किंवा साइन इन