Матеј 7
7
Не судете, за да не ви се суди
(Лк 6,37-38.41-42)
1 #
Пс 49,6; Лк 6,37; Рим 2,1-2; 14,10; 1 Кор 4,5; Јк 4,12 „Не судете, за да не бидете судени; 2#Мк 4,24; Лк 6,38; Јк 2,13зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери. 3#Јн 8,7Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш? 4Или, како ќе му кажеш на твојот брат: ’чекај да ти ја извадам раската од окото‘, кога во твоето око има греда? 5Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе гледаш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат!
Бисер пред свињите
6 #
15,26; 2 Мојс 29,33-34; 3 Мојс 2,3; 22,14 Не им го давајте светото на кучињата и не фрлајте ги вашите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, па да се вратат и да ве раскинат.“
Молете, барајте, чукајте
(Лк 11,9-13)
7 #
18,19; 21,22; 5 Мојс 4,29; Ер 29,12-13; Мк 11,24; Јн 11,22; 15,7; 16,23-24; Јк 1,5; 1 Јн 3,22; 5,14-15 „Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; 8зашто секој што моли – добива; и оној што бара – наоѓа; и на оној што чука – ќе му се отвори. 9Зар има меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, ќе му даде камен, 10и кога ќе посака риба, ќе му даде змија? 11#Јк 1,17И така, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Отец, Кој е на небесата, ќе им даде добра на оние што Му бараат?
За ближниот
(Лк 6,31)
12 #
5,17; 22,40; Тов 4,16; Лк 6,31; Јн 1,45; Дела 24,14; 28,23; Рим 3,21; 13,8-10 Значи, сѐ она што сакате да ви го прават луѓето, правете им го и вие ним; зашто во тоа се состојат Законот и Пророците.“
Тесната порта
(Лк 13,24)
13 #
10,37-39; 5 Мојс 30,15; Ер 21,8; Лк 13,24 #
Пс 1,1
„Влезете низ тесната порта; зашто широка е портата и широк е патот што водат кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; 14#Јн 10,9-10а тесна е портата и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина ги наоѓаат.“
Какво дрво, такви плодови
(Мт 12,33; Лк 6,43-44)
15 #
10,16; 24,4-5.11.14.24; 5 Мојс 13,1-5; 18,9-22; Ез 22,27; Лк 6,26; 2 Птр 2,1-3; Откр 19,20 „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат кај вас во овча кожа, а одвнатре се грабливи волци. 16#12,33; Сир 27,6; Лк 6,44; Јк 3,11-12По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње или смокви од чичка? 17#12,33; Лк 6,45Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошото дрво дава лоши плодови; 18не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. 19#3,10; Лк 3,9; Јн 15,6Секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган. 20#Ер 24,5.8И така, по нивните плодови ќе ги познаете.“
Вистинските ученици
(Лк 6,46; 13,25-27)
21 #
25,11-12; Ис 29,13; Амос 5,21-22; Лк 6,46; 1 Јн 2,17 „Не секој што Ми вели: ’Господи, Господи‘, ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата. 22#24,36; Ис 10,3; Ер 14,14; 27,15Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ’Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме?‘ 23#25,41; Пс 6,9; Лк 13,27; 2 Тим 2,12И тогаш Јас ќе им кажам: ’Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што вршите беззаконие!‘“
Градба на камен или на песок
(Лк 6,47-49)
24 #
5,19; Лк 8,21; Јк 1,22.25 „И така, секој што ги слуша и ги исполнува овие Мои зборови, ќе го споредам со мудар човек кој си изградил куќа на камен. 25#Изреки 10,25; 12,3.7И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, зашто беше втемелена на камен. 26#Јн 12,47; Јк 1,23-24А секој што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на глупав човек, кој си изградил куќа на песок. 27#Ез 13,10-14; Јов 8,15И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ѝ беше страшно.“
Власта на Исус
(Мк 1,22; Лк 4,32)
28 #
Мк 1,22; Лк 4,32 #
13,53; 19,1; 26,1; Лк 7,1 И кога Исус ги заврши овие слова, народот се чудеше на Неговото учење, 29#15,2зашто Тој ги поучуваше како Оној Кој има власт, а не како книжниците.
Markert nå:
Матеј 7: MAK2023
Marker
Del
Kopier
Vil du ha høydepunktene lagret på alle enhetene dine? Registrer deg eller logg på
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023