Битие (ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА)
(ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА)
Вовед
Насловот на првата библиска книга Битие ја навестува нејзинината содржина. Таа зборува за создавањето на светот, на првите луѓе, и за историјата на еврејскиот народ.
Битие: создавањето на мажот и жената (1–2); нивното прогонување од рајот (3); Каин и Авел (4); Ное и големиот потоп (6–9); Вавилонската кула (11). Настаните за кои се раскажува во овие текстови, не можат прецизно да се сместат во календарот на човековата историја. Во понатамошниот текст од 12–50 се раскажува како Бог му носи спас на човештвото, повикувајќи ги во Своја служба старозаветните патријарси. Првиот е Авраам (12,1–25,18), познат по својата вера и послушност кон Бога, која и до денес им служи како образец на верните. Потоа следат Исак, Авраамовиот син и синот на Исак, Јаков (25,19–37,1), кој го добива името Израил. Понатаму, Јосиф (37,2–50,26), еден од синовите на Јаков, родоначалник на две израилски племиња, е во центарот на настаните што ќе ги одведат Јаков и останатите негови синови, заедно со нивните семејства во Египет.
Книгата Битие, пред сѐ, претставува запознавање со Божјите дела. Таа започнува со тврдењето дека Бог го создал светот, кој е огромен, но сепак Му е целосно потчинет на Бога. Книгата завршува со ветувањето дека Бог ќе продолжи да се грижи за Својот народ. Од почетокот па до крајот на книгата главна личност е Бог: Тој им се открива на луѓето, Тој ги суди, Тој ги води и го помага Својот народ. Конечно, Тој ја создава неговата историја.
Во замена за тоа Бог бара од Својот народ да верува во Него и во Неговите ветувања, да се потчинува на Неговите наредби и закони.
Во книгава е претставена древната еврејска традиција, која му помогнала на овој народ да ја осознае својата вера и да ја зачува, а преку неа и самиот да опстане.
Trenutno izabrano:
Битие (ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА): MK2006D
Istaknuto
Podijeli
Kopiraj
Želiš li da tvoje istaknuto bude sačuvano na svim tvojim uređajima? Kreiraj nalog ili se prijavi
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006