Битие 10

10
Родослов на народите.
1А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови.
2Синовите на Јафета се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас.
3А синовите Гомерови се: Аскеназ, Рифат, и Тогарма.
4Синовите, пак, Јаванови се: Елиса, Тарсис, Китим и Доданим.
5Од нив се разгранаа острови на народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој.
6Хамовите синови се: Хус и Месраим, Фут и Ханан.
7А синовите Хусови: Сава, Евила, Савата, Регма и Саватака. Синовите, пак, Регманови се: Сава и Дадан.
8Хус го роди Нимрода; а тој прв стана силен на земјата;
9беше добар ловец пред Господа Бога; затоа се вели: – добар ловец пред Господа како Нимрод –.
10А почетокот на неговото царство беше: Вавилон, Орех, Аркад и Халне, сите во земјата Сенар.
11Од таа земја излезе Асур, и ја соѕида Ниневија и Ровот град, и Халах,
12и Дасем меѓу Ниневија и Халах; тој е град голем.
13Од Месраима произлегоа Лудејците, Енамејците, Лавијците, Нефталејците,
14па Патрусејците и Хасмејците, од кои водат потекло Филистејците и Гафторејците.
15А Ханан го роди Сидона, првенец свој, и Хета,
16потоа Јевусејците, Аморејците, Гергесејците,
17Евејците, Арукејците, Асенејците,
18Арадејците, Самарејците и Аматејците. А потоа племињата ханански пак се расеаја.
19Пределите, пак, ханански беа од Сидон кон Герар до Газа, и потоа до Содом, Гомор, Адма и Севоим па сѐ до Даса.
20Тоа се синовите Хамови, според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во народите свои.
21И на Сим му се родија синови, на постариот брат Јафетов, татко на сите синови Еверови.
22А синовите Симови беа: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам.
23Синовите, пак, Арамови се: Уз, Хул, Гатер и Мас.
24Арфаксад го роди Сала, а Сала го роди Евера.
25На Евера му се родија двајца синови: на едниот му беше име Фалек, зашто во неговото време се раздели земјата, а името на брата му беше Јектан.
26Јектан го роди Елмодада, Салета, Сармота и Јареха,
27Одора, Евила и Декла,
28па Евала, Авимаила и Сева,
29потоа Уфира, Евила и Јовава, и сите тие беа синови Јектанови.
30Живеалиштата им беа од Маса до Сефар, гора источна.
31Тоа се Симовите синови според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во нивните народи.
32Тоа се семејствата на синовите Ноеви според нивните родови, и според јазиците нивни. Од нив се разделија острови на народи во земјата по потопот.

Märk

Dela

Kopiera

None

Vill du ha dina höjdpunkter sparade på alla dina enheter? Registrera dig eller logga in