Јован 1
1
Словото на животот
1 #
5,17-30; 17,5; 1 Мојс 1,1-5; Пс 106,20; Изреки 8,22; Фил 2,6; Кол 1,15; 1 Јн 1,1-2; Откр 19,13 Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. 2Тоа во почетокот беше во Бога. 3#1 Мојс 1,3; Ис 40,26; 48,3; Пс 32,6.9; 147,4-7; Изреки 8,27-30; Мудр 9,1; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 1,1-3; Откр 3,14Сѐ преку Него стана и без Него ништо не стана, од она што постана. 4#5,26; 11,25; 14,6Во Него беше животот и животот им беше светлина на луѓето. 5#3,19; 12,46; Мудр 13,1-9; Рим 1,19-23; 1 Кор 1,21Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати. 6#Мт 3,1; Лк 1,13.17.76Имаше еден човек, испратен од Бога, по име Јован; 7#1,15.19-35; 3,27-30; 5,33; 10,41тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. 8#1,20Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината, 9#6,14; 8,12; 9,5; 1 Јн 2,8; Откр 21,23; 22,5 вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек што доаѓа во светов. 10#3,16; 14,17; 1 Јн 2,16Беше во светот и светот преку Него постана, но светот не Го позна. 11Дојде при Своите, но тие не Го примија. 12#2,23; 3,18; 11,52; Рим 9,8; Гал 3,26; Јк 1,21; 1 Јн 3,1-2А на сите што Го примија – на сите што веруваат во Неговото име – им даде моќ да станат Божји чеда. 13#3,3.5-6; Јк 1,18; 1 Птр 1,23; Јн 3,9Тие не се родија од крв, ниту од телесна похота, ниту од похота машка, туку од Бога. 14#2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,7; Ис 60,1-2; Лк 9,32; Рим 1,3; Гал 4,4; Фил 2,7; 1 Тим 3,16; Евр 2,14И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и со вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. 15#Зах 1,4; Мт 3,11; 16,24Јован сведочеше за Него и викаше со силен глас: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, што доаѓа по мене, пред мене е, бидејќи беше пред мене!“ 16#Рим 5,21; Кол 1,19; 2,9-10; Ефес 4,13И од Неговата полнота сите примивме благодат врз благодат; 17#7,19.22-23; 8,5; 2 Мојс 31,18; 34,28; Мт 5,17; Рим 6,14зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината дојдоа преку Исус Христос. 18#3,11; 6,46; 2 Мојс 33,20; Мт 11,27; 1 Тим 6,16; Евр 11,27; 1 Јн 4,12Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Тој Го објави.
Сведоштвото на Јован Крстител
(Мт 3,1-12; Мк 1,1-8; Лк 3,1-18)
19 #
1,6; Лк 10,32 И ова е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ 20#3,28; Дела 13,25И потврди и не одрече, туку објави: „Јас не сум Христос.“ 21#5 Мојс 18,15.18; Мал 3,1.23-24; Сир 48,10; Мт 11,14; 17,13И го прашаа: „Кој си тогаш? Илија ли си?“ И рече: „Не сум.“ „Пророк ли си?“ И одговори: „Не.“ 22А тие му рекоа: „Па кој си, за да им дадеме одговор на оние што нѐ испратија; што велиш за себе?“ 23#Ис 40,3; Мт 3,3Тој рече: „Јас сум гласот на оној што вика во пустината: израмнете го Господовиот пат, како што вели пророкот Исаија.“ 24А испратените беа од фарисеите; 25#Мт 21,25; Мк 1,4; 6,25и го запрашаа велејќи му: „Зошто тогаш крштеваш, кога не си Христос, ниту Илија, ниту пророк?“ 26Јован им одговори и рече: „Јас крштевам со вода, но меѓу вас стои Еден Кого вие не Го познавате. 27#1,15; Мт 3,11.13; Дела 13,25Тој е Оној што доаѓа по мене, Кој беше пред мене, Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките.“ 28#3,26; 10,40Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован.
Јагнето Божјо
29 #
1 Мојс 22,13; 2 Мојс 12,3; 3 Мојс 14,13; Ис 53,6-7; Ер 11,19; Мк 14,12; Дела 8,32; 1 Кор 5,7; 1 Птр 1,18-19; 1 Јн 3,5; Откр 5,6.9.12-13 Утредента Јован Го виде Исус како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое го зема гревот на светот врз Себе! 30#1,15.27Овој е Оној, за Кого реков: по мене доаѓа Човек, Кој е пред мене, бидејќи беше пред мене. 31#2,11; 1 Јн 1,2Јас не Го познавав, но дојдов да крштевам со вода за Тој да му биде објавен на Израил.“ 32#Ис 11,2; 61,1; Мк 1,10; Лк 4,1.14.18И Јован посведочи велејќи: „Го видов Духот како слегува од небото како гулаб и остана над Него. 33#3,34; 14,16; 19,30; 20,22; 1 Цар 9,17; Ез 36,27; Јоил 2,28; Мк 1,11; Дела 1,5; 2,38Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштевам со вода, Тој ми рече: ’Врз Кого ќе видиш дека Духот слегува и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштева со Светиот Дух.‘ 34#Ис 42,1; Мк 1,1И јас видов и посведочив дека Тој е Синот Божји.“
Првите Исусови ученици
35 #
3,25; Лк 7,18 Утредента, Јован повторно стоеше со двајца од своите ученици. 36#1,29.42; Мт 19,26И здогледувајќи Го Исус како поминува, рече: „Еве Го Јагнето Божјо!“ 37Кога ги слушнаа од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исус. 38#3,2А Исус, обѕрнувајќи се и гледајќи дека Го следат, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави – што значи: Учителе – каде живееш?“ 39#11,34Тој им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и тој ден останаа кај Него. Беше околу десеттиот час#1,39 Околу 16 часот.. 40#6,8; 12,22; Мт 4,18А еден од двајцата, што беа слушнале од Јован и беа тргнале по Него, беше Андреј, братот на Симон Петар. 41#4,25; 1 Цар 2,10; Пс 2,2; Дан 9,25; Мт 1,16; Лк 4,41Тој прво го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос#1,41 Месија на еврејски и Христос на грчки значат Помазаник, т.е. посебен Божји пратеник..“ 42#Мт 16,17-18; Мк 3,16; 1 Кор 15,5И го одведе кај Исус. А Исус, кога го погледна, му рече: „Ти си Симон, синот на Јона; ти ќе бидеш наречен Кифа, што значи: Петар#1,42 На еврејски Кифа, односно Петар, на грчки значи камен..“
Повикот до Филип и Натанаил
43 #
12,21; 21,19.22; 3 Цар 19,19; Мт 9,9 Утредента Исус реши да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Врви по Мене!“ 44#Мт 10,3; 11,21А Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар. 45#2,1.11; 5,39; 21,2; 5 Мојс 18,18; Ис 7,14; 9,6; Ер 23,5; Ез 34,23; Мт 21,11; Лк 4,21-22; 24,27Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишуваа Мојсеј во Законот, и Пророците – Исус, синот Јосифов, од Назарет!“ 46#7,41А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му рече: „Дојди и види!“ 47Кога Исус го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство!“ 48Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“ 49#6,69; 11,27; 12,13; Соф 3,15; Пс 2,7; Мт 14,33; 27,42; Дела 13,33Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“ 50#11,40А Исус, одговарајќи, му кажа: „Бидејќи ти реков дека те видов под смоквата, затоа ли веруваш? Ќе видиш повеќе од ова.“ 51#1 Мојс 28,12; Дан 7,9-10; Мт 3,16; 8,20; Дела 7,56И му рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.“
Kasalukuyang Napili:
Јован 1: MAK2023
Haylayt
Ibahagi
Kopyahin
Gusto mo bang ma-save ang iyong mga hinaylayt sa lahat ng iyong device? Mag-sign up o mag-sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: