Дела 11
11
Петар се оправдува пред Црквата во Ерусалим
1 #
8,14; 10,45; 15,7 Апостолите и браќата во Јудеја, слушнаа дека и незнабошците го примиле словото Божјо. 2И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните што беа со него го укорија, 3#Гал 2,12велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“ 4#10,28.48А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи: 5#10,11„Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како некое платниште, врзано за четирите краишта, и дојде дури до мене. 6#1 Мојс 7,14Откако погледав во него и го разгледав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и птици небески. 7#10,13-16И чув глас што ми зборуваше: ‚Стани Петре, заколи и јади!‘ 8Јас, пак, реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘ 9А гласот од небото повторно проговори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘ 10Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото. 11И ете, во тој час застанаа тројца луѓе, испратени кај мене од Кесарија. 12#10,19-20.45А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек. 13#10,3.22.30-33Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Симон, наречен Петар. 14Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘ 15#2,1-4; 10,44И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот. 16#1,5; Лк 3,16; Јн 14,26Тогаш се сетив на зборовите Господови: ‚Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘ 17#15,8-9; Рим 9,24Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господ Исус Христос, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“ 18#13,46; 14,27; Рим 15,7-13Откако го ислушаа тоа, тие се успокоија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“
Црквата во Антиохија
19 #
8,1.4 А оние, што се беа распрснале поради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците. 20#13,1А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Елините, навестувајќи го Евангелието на Господ Исус. 21#4,4; 6,7; 16,5И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господ. 22#11,1Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија. 23#13,43; 14,22А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бодреше сите да пребиваат во Господ со непоколебливо срце. 24#2,47; 5,14Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мноштво луѓе се припои кон Господ. 25Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле. 26#9,27-30И кога го најде, го доведе во Антиохија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за прв пат ги нарекоа учениците христијани. 27А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци. 28#21,10-14И еден од нив, по име Агав, претскажа преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад. И токму таква голема и настана во времето на царот Клавдиј. 29#Рим 15,26.31; 2 Кор 9,1-13Тогаш учениците решија, секој, колку што има, да испрати за поткрепа на браќата, што живееја во Јудеја. 30Тоа го направија, така што го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савле.
Currently Selected:
Дела 11: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006