YouVersion Logo
Search Icon

Дела 12

12
Смртта на Јаков; Петар в затвор
1Во тоа време цар Ирод стави рака на некои од Црквата, и почна да ги измачува. 2Со меч го уби Јакова, братот Јо­ва­нов. 3А кога виде дека тоа им се допаѓа на Јудејците, го фати и Петар. Тоа беше за време на Бесквасници. 4#Лк 22,1Него, кога го фати, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по че­ти­ри војници да го пазат. Неговата намера беше веднаш по Пасхата да го изведе пред народот. 5#Лк 22,44-46; Јк 5,16И така, додека Петар го пазеа во затворот, Црквата непрестано Му се молеше на Бога за него. 6Ноќта, спроти денот кога Ирод сакаше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два пара ланци, а стражарите пред портата го чуваа затворот. 7#5,18-24; 9,3; 10,3; Лк 2,9И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го разбуди, па му рече: „Стани брзо!“ И оковите му паднаа од рацете негови. 8Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги чевлите!“ Така и на­пра­ви. И пак му рече: „Облечи ги алиш­та­та свои и оди по мене!“ 9И излезе и тргна по него, а не зна­еше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека гледа привид. 10#5,19; 16,26Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку ед­на улица, и во тој час ангелот го снема. 11Тогаш Петар, откако дојде на себе, си рече: „Сега знам дека навистина Гос­под го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сѐ, што оче­ку­ваше јудејскиот народ.“ 12Сфаќајќи го тоа, тој дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани многумина на молитва. 13А кога Петар затропа на портата, слугинката по име Рода пријде да наслушне. 14И, штом го позна гласот на Петар, таа од радост не ја отвори портата, туку се втрча и јави дека Петар стои пред портата. 15#Мт 18,10А тие ѝ рекоа: „Луда ли си ти?“ Но таа потврдуваше дека тоа е така. А тие велеа: „Тоа е сигурно неговиот ангел.“ 16Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу. 17#13,16; 15,13; 1 Кор 15,7Тој им мавна со раката да молчат, а потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: „Соопштете му за ова на Јаков и на браќата!“ Потоа из­ле­зе и отиде на друго место. 18#5,21-23Утредента меѓу војниците настана голема вознемиреност поради тоа што се случило со Петар. 19#16,27А Ирод, кој испрати потера по него, но не успеа да го пронајде, откако ги ис­пита стражарите, заповеда да ги погубат. Потоа тој слезе од Јудеја во Кеса­рија, и таму се задржа.
Смртта на Ирод
20Ирод беше гневен на Тирците и Си­донците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна Власта, царевиот собар, побараа мир. 21Во договорениот ден Ирод, облечен во царска облека, седна на престолот и одржа говор пред народот. 22#14,15; 28,6А народот воскликнуваше: „Ова е глас Божји, а не човечки.“ 23#1 Сам 25,38; 2 Сам 24,16-17; 2 Цар 19,35Но ненадејно во истиот миг ангел Господов, силно го удри, зашто не Му воздаде слава на Бога. И, изеден од цр­ви, тој умре. 24#6,7; 19,20А словото Божјо сѐ повеќе растеше и се распространуваше. 25#11,29Варнава и Савле, откако го исполнија задолжението, од Ерусалим се вра­тија во Антиохија, од каде што го зедоа со себе и Јован, наречен Марко.

Currently Selected:

Дела 12: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for Дела 12