YouVersion Logo
Search Icon

БИТИЕ 16

16
Раѓање на Исмаил
1Аврамовата жена Сара не му роди деца. А имаше слугинка Египетка, по име Агара. 2И Сара му рече на Аврама: „Гледаш, Господ ме направи неплодна. Влези кај мојата слугинка, можеби ќе добијам деца.“ Аврам ги послуша Сарините зборови. 3И така, откако Аврам престојуваше десет години во Ханаанската Земја, неговата жена Сара ја зеде Агара, Египетката, нејзина слугинка, и му ја даде на својот маж Аврам за сопруга. 4Тој влезе кај Агара и таа зачна. А кога виде дека зачна, гледаше со презирање врз својата господарка. 5Тогаш Сара му рече на Аврама: „Неправдата што ми се нанесува е твоја вина! Ти ја дадов мојата слугинка во твоите прегратки, но таа откако забележа дека зачна, ме гледа со презир. Господ нека биде судија меѓу нас!“ 6Тогаш Аврам ѝ одговори на Сара: „Ете, твојата слугинка е во твоја рака: постапи со неа како што сакаш.“ Сара се однесуваше со неа толку лошо што таа избега од неа.
Божјо ветување на Агара
7Господов ангел ја најде во пустината, при изворот - на патот кон Сур - 8и ја праша: „Агаро, Сарина слугинко, откаде доаѓаш и каде одиш?“ А таа одговори: „Еве, бегам од својата господарка Сара.“ 9А Господовиот ангел ѝ рече: „Врати се кај господарката твоја и покори ѝ се под нејзините раце! 10Ангелот Господен уште ѝ рече: „Ќе го умножам мошне твоето потомство; не ќе може да биде избројано поради множеството.“ 11Натаму Господовиот ангел ѝ рече: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син. Дај му име Исмаил (Кого Бог Го Слуша), зашто Господ ја чу твојата мака. 12Тој ќе биде како диво осле: неговата рака ќе се крева на секого, и сечија рака на него; и тој ќе живее, во близина на сите свои браќа.“ 13Таа Го нарече Господа, Кој ѝ зборуваше: „Ти Си Сѐ видечки Бог (Ел Рои), зашто - таа рече - „Го видов Бога и после видувањето останав жива!“ 14Затоа изворот се вика Вир-Лахај-Рои - Кладенец на Животворниот Сѐ видечки Бог; а ене го меѓу Кадис и Варад.
Раѓање на Исмаил
15Агара му роди син на Аврама, а Аврам му даде име Исмаил, на синот што му го роди Агара. 16Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаила.

Currently Selected:

БИТИЕ 16: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in