1 Тимотеј 2
2
1Како прво, ве поттикнувам да се молите за сите луѓе. Барајте од Бог да им помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за сите нив.
2Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство.
3Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа.
4Тој сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината, а тоа е дека
5постои само еден Бог и постои само Еден што може да посредува меѓу Бог и луѓето: тоа е човекот Исус Христос.
6Тој го даде Својот живот за да се откупи слобода за секој човек. Бог му ја упати оваа порака на светот во вистинско време.
7Бог ме одбра да бидам проповедник и апостол на таа Радосна вест. Јас не лажам. Она што ви го зборувам е вистина. Бог ме испрати кај оние што не се Евреи, да ги учам за верата и вистината.
8Затоа, каде и да се собирате, од мажите барам да креваат чисти раце кон небото и да се молат ослободени од лутина и препирки.
9Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.
10Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.
11Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.
12Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
15Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.
Currently Selected:
1 Тимотеј 2: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.