И му рекоа на Давид луѓето негови: „Еве го денот, за кој ти говореше Господ: ‚ете, Јас ќе го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ќе сториш со него, она што ти е угодно.“ Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека. Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека.