1 Самоилова 24
24
Давид одбива да го убие Саул
1Потоа Давид излезе оттаму и живееше по стрмните врвови на Ен-Геди. 2Кога Саул се врати од Филистејците, му јавија, велејќи: „Ете, Давид е во пустинските места кај Ен-Геди.“ 3#26,2Тогаш Саул зеде три илјади одбрани мажи од цел Израел и отиде да го бара Давид и луѓето негови по планините, каде што живеат дивокози. 4#Суд 3,24И дојде кај едно овчо трло крај патот. Таму имаше пештера, и Саул влезе таму по нужда; а Давид и луѓето негови седеа во дното на пештерата. 5#23,7.12.14; 26,8И му рекоа на Давид луѓето негови: „Еве го денот, за кој ти говореше Господ: ‚ете, Јас ќе го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ќе сториш со него, она што ти е угодно.“ Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека. 6#2 Сам 24,10Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека. 7#26,11И им рече на луѓето свои: „Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејќи тој е помазаник Господов.“ 8Со тие зборови ги задржа луѓето свои и не им дозволи да го нападнат Саул. А Саул стана и излезе од пештерата на патот. 9#26,13-14Потоа стана и Давид, излезе од пештерата и извика по Саул, велејќи: „Господаре мој, царе!“ Саул погледна назад, и Давид падна со лицето на земјата, и му се поклони. 10И Давид му рече на Саул: „Зошто ги слушаш зборовите на оние луѓе што велат, ете, Давид крои зло против тебе? 11Ете, денес видоа очите твои дека Господ те предаваше во рацете мои во пештерата, и ми говореа да те убијам, но јас те поштедив и реков: нема да кренам рака на мојот господар, бидејќи тој е помазаник на Господ. 12#23,14.23; 26,20; Пс 35,7Татко, погледни ја полата на облеката твоја во мојата рака, јас ја пресеков полата од облеката твоја, а тебе не те убив; знај и увери се дека во раката моја нема зло, ни непријателство, и дека јас не сум згрешил спрема тебе; а ти ја бараш душата моја за да ја одземеш. 13#1 Мојс 31,53; 3 Мојс 19,18; Суд 11,27; Ер 11,20; Рим 12,19Господ нека пресуди меѓу мене и тебе, и нека ти одмазди Господ за мене; но мојата рака нема да биде врз тебе, 14#Мт 12,35; Лк 6,45како што вели старата поговорка: – од беззаконици излегува беззаконие. – Затоа раката моја нема да биде врз тебе. 15#26,20; 2 Сам 3,8; 16,9Против кого излегол царот израелски? По кого си се растрчал? По мртво куче, по една болва. 16#Пс 35,23; 43,1; 119,154Господ нека биде судија и Тој нека пресуди меѓу мене и тебе. Тој ќе го испита делото мое и ќе ме спаси од раката твоја.“ 17#26,17Откако ги изрече Давид тие зборови кон Саул, Саул рече: „Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?“ И го крена Саул гласот свој, и плачеше 18#26,21; Мт 5,44и му рече на Давид: „Ти си поправ од мене, зашто ми врати со добро, а јас ти враќав со зло; 19#26,23ти го покажа тоа денес, постапувајќи со мене милостиво: кога Господ ме предаваше во рацете твои, ти не ме уби. 20Кој, откако ќе го најде непријателот свој, ќе го пушти здрав и цел? Господ нека ти врати со добро за тоа што ми го направи денес ти. 21#23,17Сега знам дека ти бездруго ќе станеш цар, и царството израелско ќе биде силно во раката твоја. 22#20,14-16; 2 Сам 21,6-8Затоа заколни ми се во Господ дека нема да го искорениш потомството мое по мене и нема да го уништиш името мое во домот на мојот татко.“ 23#23,19Му се заколна Давид на Саул. И Саул отиде во својот дом, а Давид и луѓето негови се искачија кон своето засолниште.
Селектирано:
1 Самоилова 24: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006