1 Самоилова 25
25
Навал одбива да му помогне на Давид
1 #
28,3
И Самоил умре. Тогаш се собраа сите Израелци, го оплакаа и го погребаа во куќата негова, во Рама. Давид стана и слезе кон пустината Фаран. 2#23,24; 1 Мојс 21,21; Ис.Н. 15,55; 2 Сам 13,23-24Имаше во Маон еден човек многу богат, а имотите му беа на Кармил. Тој имаше три илјади овци и илјада кози. Тој беше на стрижење кај овците свои на Кармил. 3#25,25; Ис.Н. 15,13-19Тој човек се викаше Навал, а жена му се викаше Авигеја. Таа жена беше многу умна и убава, а тој – жесток и лош човек; тој беше од родот на Халев. 4Давид слушна во пустината дека Навал ги стриже овците свои. 5И Давид испрати десет момци, и им рече Давид на момците: „Одете на Кармил, појдете кај Навал, поздравете го од мое име 6#Лк 10,5и кажете му вака: ‚Мир на тебе, мир на твојот дом, мир на сѐ што е твое! 7#25,15.21Денес слушнав дека ти ги стрижат овците; ете, овчарите твои беа со нас, и ние не ги навредувавме, и ништо кај нив не се загуби за сето тоа време, додека стоеја на Кармил. 8Прашај ги слугите свои, и тие ќе ти кажат. Затоа нека најдат момците благонаклоност во очите твои, бидејќи во добар ден дојдовме. Дај им, пак, на слугите твои и на синот свој Давид она што ти се наоѓа при рака.‘“ 9Давидовите луѓе отидоа и му ги кажаа на Навал од името на Давид сите тие зборови, и замолчаа. 10#22,7; Суд 9,28Навал им одговори на Давидовите слуги и рече: „Кој е тој Давид, кој е тој син Јесеев? Сега има многу слуги кои бегаат од господарите свои. 11Зар да ги земам лебот свој и водата своја, и месото што сум го приготвил за стрижачите на овците, и да им дадам на луѓе што не ги знам од каде се?“ 12И Давидовите луѓе се вратија по својот пат, се вратија и дојдоа, та му ги соопштија на Давид сите тие зборови. 13Тогаш Давид им рече на луѓето свои: „Препашете го секој мечот свој.“ И сите ги препашаа своите мечеви, го препаша и Давид мечот свој, и тргнаа по Давид околу четиристотини мажи, а двесте оставија кај логорот.
Авигеја му доаѓа на помош на Давид
14Но еден од слугите ѝ јави на Авигеја, жената Навалова, велејќи: „Ете, Давид испрати од пустината известувачи да го поздрават нашиот господар, но тој се однесе кон нив грубо. 15#25,7А тие луѓе се многу добри кон нас, не нѐ навредуваа, и ништо не се изгуби кај нас, за сето време додека одевме со нив, и додека бевме во полето; 16тие беа за нас како ѕид и дење и ноќе за сето време, додека ги пасевме стадата близу до нив; 17затоа, помисли и види што да се прави, бидејќи неизбежна несреќа му се заканува на господарот наш и целиот дом негов; а тој е лош човек, не може да се говори со него.“ 18#2 Сам 16,1; 1 Лет 12,40-41Тогаш Авигеја набрзина зеде двесте леба и две мешини со вино, и пет овци зготвени, пет мери пржено жито, сто врзопки суво грозје и двесте низи смокви, и ги натовари на магариња, 19па им рече на слугите свои: „Тргнувајте пред мене, ете, јас ќе одам по вас.“ А на мажот свој Навал ништо не му кажа. 20А кога таа, седната на магаре, се спушташе по падините на планината, ете, во пресрет ѝ доаѓа Давид и луѓето негови, и таа се сретна со нив. 21#Пс 109,5И Давид рече: „Да, залудо го пазев во пустината целиот имот на тој човек, и ништо не се изгуби од тоа што беше негово; тој ми плаќа зло за добро. 22#3,17; 14,44; 20,13; 1 Цар 14,10Нека Господ му прати на Давид најголема казна и уште повеќе да му додаде, ако утре до разденување, од сѐ што е Навалово, оставам макар едно суштество што мокри покрај ѕид!“ 23#20,41Штом Авигеја го виде Давид, таа брзо слезе од магарето, падна ничкум пред Давид и се поклони до земја, 24падна до нозете негови и рече: „Врз мене да е гревот, господаре мој; дозволи ѝ на робинката твоја да говори во ушите твои и слушни ги зборовите на робинката твоја. 25Нека не обрнува внимание господарот мој на тој лош човек, на Навал#25,25 Безумен; зашто, како што му е името, таков е и тој: Навал му е името, и безумието е со него. А јас, твојата робинка, не ги видов слугите на мојот господар што си ги испратил. 26#25,31.33; 2 Сам 18,32; Евр 10,30И сега, господаре мој, ти се колнам во Господ и во душата твоја! Господ нема да дозволи да пролеваш крв, а ќе ја задржи раката твоја да не се одмаздуваш; и сега нека бидат како Навал твоите непријатели и овие, кои мислеа лошо против мојот господар. 27#1 Мојс 33,11; 2 Цар 5,15; 2 Кор 9,5Еве ги даровите што робинката твоја му ги донесе на својот господар за да им се разделат на момците, кои му служат на мојот господар. 28#2,35; 2 Сам 7,16; 1 Цар 11,38Прости ѝ ја вината на робинката своја; Господ бездруго ќе подигне за мојот господар цврст дом, зашто мојот господар води Господови војни, и во текот на целиот живот твој зло нема да се најде во тебе. 29Ако човекот стане да те гони и да ја бара душата твоја, тогаш душата на мојот господар ќе биде сврзана со јазелот на животот кај Господ, твојот Бог, а душата на твоите непријатели Тој ќе ја отфрли како од праќа. 30#13,14И кога Господ постапи со мојот господар според сето добро што го говореше за тебе, и те постави за водач на Израел, 31за срцето на мојот господар тоа нема да биде огорченост и неспокојство, зашто пролеал напразно крв, и зашто си се спасил. Господ ќе му направи добро на мојот господар, и ти ќе си спомнеш за робинката своја.“ 32А Давид ѝ рече на Авигеја: „Благословен Господ, Бог Израелов, Кој те испрати денес во пресрет мој, 33и благословен да биде твојот разум и благословена да бидеш ти, поради тоа што сега не ме остави да пролевам крв и да се одмаздам за себеси. 34#25,22; 1 Цар 14,10; 2 Цар 9,8Но, – се колнам во Господ, Бог Израелов, кој ме задржа да не ти направам зло, – ако не побрзаше и ако не ми дојдеше во пресрет, тогаш утре до разденување јас немаше да му оставам на Навал ниту едно суштество што мокри покрај ѕид.“ 35#20,42; 1 Мојс 19,21; 2 Цар 5,19Тогаш Давид го зеде од рацете нејзини она што му го беше донела, и ѝ рече: „Оди си со мир во домот свој; ете, го послушав гласот твој и го почитав лицето твое.“
Смртта на Навал. Давид се жени со Авигеја
36 #
2 Сам 13,23
Авигеја дојде кај Навал, и ете, кај него во домот негов гоштевање како царска гозба, и срцето на Навал беше весело; тој беше многу пијан; затоа таа ништо не проговори, ни многу, ни малку, до изутрината. 37А изутрината, кога Навал се истрезни, и жената негова му раскажа за тоа, срцето негово замре, и тој стана како камен. 38По десет дена Господ го удри Навал, и тој умре. 39#24,16; Суд 9,57; 1 Цар 2,44Кога Давид слушна дека Навал умрел, и рече: „Благословен да е Господ, Кој врати за срамот што ми го нанесе Навал, и Кој го зачува Својот слуга од зло; Господ ја сврте злобата на Навал врз неговата глава.“ И Давид испрати да ѝ кажат на Авигеја дека тој ќе ја земе за жена. 40И Давидовите слуги дојдоа кај Авигеја на Кармил и ѝ рекоа вака: „Давид нѐ испрати кај тебе за да те земеме да му бидеш жена.“ 41#Рута 2,10Таа стана и се поклони ничкум до земјата и рече: „Ете, робинката твоја е готова да биде слугинка за да ги мие нозете на слугите на мојот господар.“ 42#1 Мојс 24,61-67Авигеја се подготви набрзина, седна на магаре и, придружена од пет слугинки, тргна по известувачите на Давид и стана негова жена. 43#27,3; 30,5; 2 Сам 3,2А Давид ја зеде и Ахиноам од Јизреел, та и двете му беа жени. 44#2 Сам 3,13-16Саул, пак, му ја даде ќерка си Михала, Давидовата жена, на Палтиј, синот на Лаис, од Галим.
Селектирано:
1 Самоилова 25: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006