А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји видоа дека ќерките човечки се убави и ги земаа, кои ги сакаа, за жени. И рече Господ: „Духот Мој нема вечно да ги одржува во живот луѓето, зашто тие се плот; деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.“ А во тоа време имаше џинови на земјата, особено кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време.