Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите што ги беше дал на Мојсеј, Твојот слуга. Но присети се на зборот што му го беше дал на Мојсеј, Твојот слуга, велејќи: ‚Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите, а кога ќе се обратите кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот од небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал за да го воведам таму името Свое.‘