1
Римјаните 6:23
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ.
Спореди
Истражи Римјаните 6:23
2
Римјаните 6:14
Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.
Истражи Римјаните 6:14
3
Римјаните 6:4
И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот.
Истражи Римјаните 6:4
4
Римјаните 6:13
Не препуштајте му ги на гревот вашите органи на телото како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите органи на телото како орудија на праведноста.
Истражи Римјаните 6:13
5
Римјаните 6:6
знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот
Истражи Римјаните 6:6
6
Римјаните 6:11
Па така и вие сметајте се мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ.
Истражи Римјаните 6:11
7
Римјаните 6:1-2
Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се наголеми благодатта? Никако! Ние, кои сме умреле за гревот, како да живееме во него уште?
Истражи Римјаните 6:1-2
8
Римјаните 6:16
Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за послушност, робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт, или – на послушноста, која води кон праведност?
Истражи Римјаните 6:16
9
Римјаните 6:17-18
Но, благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце се покоривте на оној образец на поука, на која ѝ се предадовте. И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста.
Истражи Римјаните 6:17-18
Дома
Библија
Планови
Видеа