Но Петар рече: »Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да утаиш дел од земените пари за нивата?
Додека не беше продадена, не беше ли твоја? И, откако ја продаде, не беа ли парите во твоја власт? Зошто вложи во срцето свое таква работа? Ти не излага луѓе, туку Бога!«
Кога ги чу Ананија тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го чуја тоа.