1
Лука 3:21-22
Свето Писмо (Гаврилова) 1990
А кога се крсти сиот народ, и кога Исус, по крштавањето, се помоли на Бога, се отвори небото, и Светиот Дух слезе на Него во телесен вид, како гулаб, и се чу глас од небото, кој велеше: »Ти си Мојот возљубен Син, во Тебе е Мојата волја.«
Спореди
Истражи Лука 3:21-22
2
Лука 3:16
Јован им одговараше на сите, велејќи: »Јас ве крштавам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ремчињата на обувките Негови: Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
Истражи Лука 3:16
3
Лука 3:8
Но родете плодови достојни за покајание и не почнувајте да зборувате во себе: ‚Го имаме таткото Авраама!‘ Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраама.
Истражи Лука 3:8
4
Лука 3:9
Оти веќе и секирата стои кај коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган.«
Истражи Лука 3:9
5
Лука 3:4-6
како што е напишано во Книгата, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: »Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа и рамни правете ги патеките Негови; секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат, и секое тело ќе го види спасението Божјо!«
Истражи Лука 3:4-6
Дома
Библија
Планови
Видеа