Лука 3
3
Јовановата проповед за покајание и сведоштво за Христа. Крштавањето и родословот на Исуса Христа.
1Во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод – четворовласник над Галилеја, и Филип брат му, четворовласник во Итуреја и Трахонитската област, и Лисаниј – четворовласник во Авилинија,
2при првосвештениците Ана и Кајафа, му рече Бог на Јована, синот Захариев, во пустината.
3И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите,
4како што е напишано во Книгата, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: »Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа и рамни правете ги патеките Негови;
5секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат,
6и секое тело ќе го види спасението Божјо!«
7А на луѓето, што доаѓаа при него да ги крсти, им велеше: »Породи змиини, кој ве научи да бегате од гневот што иде?
8Но родете плодови достојни за покајание и не почнувајте да зборувате во себе: ‚Го имаме таткото Авраама!‘ Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраама.
9Оти веќе и секирата стои кај коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган.«
10И го прашаа луѓето, велејќи: »Тогаш што треба да правиме?«
11А тој им одговори и рече: »Кој има две облеки, нека му даде на оној што нема; а кој има храна, нека го прави истото.«
12Дојдоа и митници да се крстат од него и му рекоа: »Учителе, што да правиме?«
13А тој им рече: »Не барајте повеќе, отколку што е определено.«
14Го прашаа и некои војници, говорејќи: »А што да правиме ние?« И им рече: »Никого не присилувајте, никого не клеветете, и бидете задоволни со вашите плати.«
15А на луѓето што чекаа и си помислуваа во срцата свои за Јована да не е тој Христос,
16Јован им одговараше на сите, велејќи: »Јас ве крштавам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ремчињата на обувките Негови: Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
17Нему му е лопатата во раката Негова и Он ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во житницата Своја, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.«
18И уште многу друго му проповедаше на народот, утешувајќи го.
19А Ирод четворовласникот, укорен од него заради Иродијада, жената на брата му, и заради сите лоши работи што ги беше направил,
20покрај сето тоа уште и го затвори Јована во темница.
21А кога се крсти сиот народ, и кога Исус, по крштавањето, се помоли на Бога, се отвори небото,
22и Светиот Дух слезе на Него во телесен вид, како гулаб, и се чу глас од небото, кој велеше: »Ти си Мојот возљубен Син, во Тебе е Мојата волја.«
23Кога почна Исус да проповеда имаше околу триесет години и беше, како што мислеа, син Јосифов, Илиев,
24Мататов, Левиин, Малхиев, Јанаев, Јосифов,
25Мататиев, Амосов, Наумов, Еслимов, Нагеев,
26Маатов, Мататиев, Семеиев, Јосифов, Јудин,
27Јоананов, Рисаев, Зоровавелов, Салатиилев, Нириев,
28Мелхиев, Адиев, Косамов, Елмодамов, Иров,
29Јосиев, Елиезеров, Јоримов, Мататов, Левиин,
30Симеонов, Јудин, Јосифов, Јоананов, Елијакимов,
31Мелеаев, Маинанов, Мататаев, Натанов, Давидов,
32Јесеев, Овидов, Воозов, Салмонов, Наасонов,
33Аминадавов, Арамов, Есромов, Фаресов, Јудин,
34Јаковов, Исаков, Авраамов, Тарин, Нахоров,
35Серухов, Рагавов, Фалеков, Еверов, Салин,
36Каинанов, Арфаксадов, Симов, Ноев, Ламехов,
37Матусалов, Енохов, Јаредов, Малелеилов, Каинанов,
38Еносов, Ситов, Адамов, Божји.
Селектирано:
Лука 3: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016