Преку вера Мојсеј, кога порасна, одби да го наречуваат син на фараоновата ќерка, и со поголема желба сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да се насладува за кратко време на гревот. Зашто хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство од египетските богатства, зашто ја имаше предвид наградата. Преку вера го напушти Египет, не плашејќи се од царевиот гнев, зашто издржа како да Го гледа Невидливиот.