Кога би сакал да се фалам, има многу работи со кои би можел да се пофалам, и тоа не би било неразумно, бидејќи е вистина. Но ќе се воздржам од фалење. Не сакам некој да стекне повисоко мислење за мене од она што го добива гледајќи ме и слушајќи ме.
Но, за да не станам премногу горделив поради многубројните откровенија што ги добив од Бог, ставен ми е трн во телото, сатански ангел, кој ме измачува и така ме држи во понизност.