2 Коринтјаните 12:6-7
2 Коринтјаните 12:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, ако би посакал да се фалам; нема да бидам неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам, за да не помисли некој за мене повеќе, отколку што во мене гледа или од мене слуша. И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам.
2 Коринтјаните 12:6-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога би сакал да се фалам, има многу работи со кои би можел да се пофалам, и тоа не би било неразумно, бидејќи е вистина. Но ќе се воздржам од фалење. Не сакам некој да стекне повисоко мислење за мене од она што го добива гледајќи ме и слушајќи ме. Но, за да не станам премногу горделив поради многубројните откровенија што ги добив од Бог, ставен ми е трн во телото, сатански ангел, кој ме измачува и така ме држи во понизност.
2 Коринтјаните 12:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вистина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша. И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, да не се превознесувам.