Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 12

12
Павлови виденија
1Немам полза ако се фалам, но сепак ќе дојдам до виденијата и откровенијата Господови. 2Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае, беше грабнат и издигнат до третото небо. 3И за таквиот човек знам, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае - 4дека беше грабнат и издигнат до рајот и дека чул неискажливи зборови, што човекот не смее да ги каже. 5Ќе се фалам со таков човек, а со себеси нема да се фалам, освен со своите слабости. 6Зашто, ако би посакал да се фалам; нема да бидам неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам, за да не помисли некој за мене повеќе, отколку што во мене гледа или од мене слуша. 7И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам. 8Трипати го молев Господа за тоа, за да го отстрани од мене. 9И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.“ Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила. 10Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
Павлова грижа за Коринтјаните
11Станав безумен; вие ме принудивте. Требаше вие да ме препорачувате, зашто во ништо не сум подолен од најпрвите апостоли, ако и не сум ништо. 12Апостолските знаци направени се меѓу вас во секакво трпење, во знаци, чудеса и сили. 13Во што добивте помалку од другите цркви, освен што јас не ви бев товар. Простете ми ја таа вина! 14Еве, готов сум да дојдам при вас и по третпат, и нема да ви бидам товар, зашто не го барам вашето, туку вас. Зашто, децата не се должни да печалат блага за родителите, туку родителите за децата. 15А јас со најголемо задоволство ќе потрошам сѐ и самиот ќе се потрошам за вашите души. Кога јас ве љубам толку многу; ќе бидам ли јас помалку љубен? 16Па нека биде! Не ви бев товар, но како итар човек ве добив со измама. 17Дали ве искористив преку некој од оние, кои ви ги испратив? 18Го замолив Тит и со него го испратив оној брат. Зар Тит ве исползува? Зар не одевме во ист дух? Не по истите ли стапки?
19Вие одамна мислите дека се оправдуваме пред вас! Пред Бога, во Христа, зборуваме, а сѐ е тоа, возљубени мои, за ваша надградба. 20Зашто се плашам, кога ќе дојдам, да не ве најдам такви, какви што ве сакам; и да не се најдам и јас пред вас таков, каков што вие не ме сакате; да нема меѓу вас: кавги, зависти, гнев, соперништво, клевети, гордости, немири; 21и кога ќе дојдам пак, да не ме понизи мојот Бог пред вас и да не треба да плачам за мнозина, кои згрешиле порано, а не се покајале за нечистотата, и блудството, и срамотата, што ги направиле.

Селектирано:

2 КОРИНТЈАНИТЕ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се