1
Лука 8:15
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Плодната почва ги претставува оние што ја слушаат пораката и ја одгледуваат во благородно и послушно срце и истрајуваат сe додека не донесат плод.“
Спореди
Истражи Лука 8:15
2
Лука 8:14
Трнливата почва ги претставува оние луѓе кои ја слушаат Божјата порака, но прекумерната световна грижа за овој живот како и занесот по збогатување и уживање ја задушуваат пораката во нив и тие не донесуваат зрели плодови.
Истражи Лука 8:14
3
Лука 8:13
Каменестата почва ги претставува луѓето што ја слушаат Божјата порака и со задоволство ја прифаќаат, но таа не се вкоренува во нив, па тие остануваат верници само за кратко. Штом ќе настапи време на неволи, тие отпаѓаат.
Истражи Лука 8:13
4
Лука 8:25
Потоа им се обрати на учениците: „Каде ви е верата!?“ А тие, стаписани и зачудени си шепотеа еден на друг: „Кој е Овој човек, што и на ветровите и на брановите им наредува и тие Му се покоруваат!?“
Истражи Лука 8:25
5
Лука 8:12
Тврдата почва, покрај патот, ги претставува оние луѓе што ја слушаат пораката, но доаѓа Ѓаволот и ја одзема Божјата порака од нивните срца за да не поверуваат и да не се спасат.
Истражи Лука 8:12
6
Лука 8:17
Зашто, сe она што се крие ќе излезе на виделина, секоја тајна ќе се дознае и ќе излезе пред јавноста.
Истражи Лука 8:17
7
Лука 8:47-48
Кога жената виде дека ќе биде откриена, дојде целата растреперена, падна пред Исусовите нозе и пред сите кажа зошто се допрела и дека веднаш оздравела. Тогаш Исус и рече: „Оди си спокојно, ќерко. Твојата вера те исцели.“
Истражи Лука 8:47-48
8
Лука 8:24
Учениците дојдоа кај Исус, Го разбудија, викајќи: „Господару! Господару! Гинеме!“ Исус се разбуди и им заповеда на ветрот и на разбрануваното езеро да се смират. Настапи длабока тишина.
Истражи Лука 8:24
Дома
Библија
Планови
Видеа