1
Римјаните 4:20-21
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе слава на Бог. Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил.
Спореди
Истражи Римјаните 4:20-21
2
Римјаните 4:17
На тоа се мисли во Светото Писмо кога Бог му рече на Авраам: „Те направив татко на многу народи.“ Авраам Му поверува на Бог, на Оној што мртви оживува и со збор го создава тоа што дотогаш не постоело.
Истражи Римјаните 4:17
3
Римјаните 4:25
Кој беше предаден на смрт за нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.
Истражи Римјаните 4:25
4
Римјаните 4:18
Кога Бог му вети на Авраам дека ќе стане татко на многу народи, Авраам Му поверува, иако тоа изгледаше сосема невозможно. Бог му рече: „Колку што има ѕвезди на небото, толку ќе бидат и твоите потомци!“
Истражи Римјаните 4:18
5
Римјаните 4:16
Токму затоа Божјото ветување е засновано на вера. Тоа е незаработен подарок од Бог и им се гарантира на сите што имаат вера каква што имаше Авраам, без оглед на тоа дали се придржуваат кон ритуалните обичаи содржани во Законот или не. Токму затоа Авраам е прататко на сите што Му веруваат на Бог.
Истражи Римјаните 4:16
6
Римјаните 4:7-8
Среќен е оној, на којшто престапот му е простен, чиј грев е покриен! Среќен е човекот кого Господ за грев не го обвинува.“
Истражи Римјаните 4:7-8
7
Римјаните 4:3
Светото Писмо вели: „Авраам Му поверува на Бог, и Бог му ја припиша неговата вера како праведност.“
Истражи Римјаните 4:3
Дома
Библија
Планови
Видеа