Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 4

4
1Авраам беше биолошки прататко на еврејскиот народ. Како стекна праведност тој?
2Ако Авраам стекна праведност пред Бог врз основа на своите добри дела, тој ќе имаше причина да се фали пред луѓето, но не и пред Бог.
3Светото Писмо вели: „Авраам Му поверува на Бог, и Бог му ја припиша неговата вера како праведност.“
4Кај луѓето, кога некој вложува свој труд, наградата што му се дава не претставува подарок, туку обврска.
5Но пред Бог, оној што не се потпира врз својот труд и постигања, туку што верува во Оној што ги оправдува грешниците, неговата вера му се смета како праведност.
6Еве што вели и царот Давид кога опишува колку е среќен оној човек кого Бог го смета за праведен, но не врз основа на дела извршени според барањата на Законот:
7Среќен е оној, на којшто престапот му е простен, чиј грев е покриен!
8Среќен е човекот кого Господ за грев не го обвинува.“
9Дали овој благослов важи само за обрежаните, или важи и за необрезаните? Да го погледнеме примерот со Авраам. Рековме дека Бог му припиша праведност на Авраам, затоа што Авраам имаше вера во Него.
10Кога се случи тоа: кога Авраам беше веќе обрежан, или пред да се обреже? Знаеме дека тоа се случи пред Авраам да биде обрежан, а не откако беше обрежан!
11Дури потоа тој се обрежа, како печат и потврда дека Бог го прогласи за праведен врз основа на неговата вера што ја имаше уште додека беше необрезан. Така Авраам им стана духовен татко на сите што Му веруваат на Бог, и Бог ги прифаќа како праведни, иако не се обрежани.
12Истовремено тој им е духовен татко и на оние што се обрежани, но само на оние кои, покрај тоа што се обрежани, го следат и примерот на нашиот прататко Авраам, и Му веруваат на Бог исто како што тој Му веруваше уште пред да биде обрежан.
13Очигледно е дека ветувањето што Бог им го даде на Авраам и на неговите потомци, оти тие ќе го наследат светот, не им беше дадено затоа што Авраам се придржуваше кон ритуалниот Закон, туку врз основа на праведноста што Авраам ја стекна преку вера во Бог.
14Ако тврдиме дека Божјото ветување се однесува на оние што му се покоруваат на ритуалниот Закон, испаѓа дека верата нема никаква вредност, а со тоа и Божјото ветување би било неважечко.
15Имајте предвид дека законот им носи казна на прекршителите. А каде што нема закон, нема ни прекршок!
16Токму затоа Божјото ветување е засновано на вера. Тоа е незаработен подарок од Бог и им се гарантира на сите што имаат вера каква што имаше Авраам, без оглед на тоа дали се придржуваат кон ритуалните обичаи содржани во Законот или не. Токму затоа Авраам е прататко на сите што Му веруваат на Бог.
17На тоа се мисли во Светото Писмо кога Бог му рече на Авраам: „Те направив татко на многу народи.“ Авраам Му поверува на Бог, на Оној што мртви оживува и со збор го создава тоа што дотогаш не постоело.
18Кога Бог му вети на Авраам дека ќе стане татко на многу народи, Авраам Му поверува, иако тоа изгледаше сосема невозможно. Бог му рече: „Колку што има ѕвезди на небото, толку ќе бидат и твоите потомци!“
19На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка.
20Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе слава на Бог.
21Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил.
22Затоа тоа му се припиша како праведност.
23Овој начин на стекнување праведност пред Бог не важеше само за Авраам,
24туку важи и за нас што веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус,
25Кој беше предаден на смрт за нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.

Селектирано:

Римјаните 4: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се