Дела 10
10
Видението на војникот Корнилиј во Кесарија
1Во Кесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од таканаречената Италска чета. 2#10,22; 13,16.26.50; 16,14Тој беше благочестив и богобојазлив човек, заедно со целиот негов дом; изобилно му даваше милостина на народот и секогаш Му се молеше на Бога. 3#18,9Еднаш околу деветтиот час#10,3 Околу 15 часот. од денот, тој виде најаве ангел Божји, како доаѓа кај него и му вели: „Корнилиј!“ 4#Тов 12,12-15; Сир 35,6А тој го впери погледот во него и сиот уплашен рече: „Што е Господи?“ Тој му рече: „Бог си спомна за молитвите твои и милостините твои. 5#Мт 16,18; Јн 1,42И сега, прати луѓе во Јопија и повикај го Симон, кого го викаат Петар. 6#10,18.23.32Тој престојува таму како гостин кај некој си кожар Симон, чија куќа се наоѓа покрај морето. Тој ќе ти каже зборови преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.“ 7Кога си отиде ангелот што му зборуваше, Корнилиј повика двајца од своите слуги и еден благочестив војник, кои постојано се наоѓаа кај него; 8па, откако им кажа сѐ, ги прати во Јопија.
Видението на Петар во Јопија
9Утредента, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар околу шестиот час#10,9 Околу 12 часот. се качи на рамниот покрив од куќата да се помоли. 10#22,6И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес, 11#Мт 3,16; Јн 1,51и го виде небото отворено и некаков сад како слегува кон него, сличен на некое големо платниште, врзано за четирите краишта, и се спушташе на земјата. 12#Рим 1,23Во него имаше секакви четириножни животни, ѕверови, влекачи земни и птици небески. 13И дојде глас кон него: „Петре, стани, заколи и јади!“ 14#4,14А Петар рече: „Никако, Господи, зашто никогаш не сум јадел погано или нечисто.“ 15#15,9; 1 Мојс 9,3-4; Мт 15,11; Ефес 2,19И повторно дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сме тај за нечисто!“ 16Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото. 17И додека Петар беше во недоумица што значи тоа видение што го виде, ете ги луѓето, испратени од Корнилиј, кои откако се распрашаа и го најдоа домот на Симон, застанаа пред портата. 18Тогаш повикаа и прашаа: „Овде ли гостува Симон, наречен Петар?“ 19И додека Петар размислуваше за видението, Духот му рече: „Ете, те бараат тројца луѓе. 20#9,10-11; 11,12Туку стани, слези и оди со нив, не размислувајќи ништо; зашто Јас ги пратив!“ 21#10,21Штом слезе кај луѓето, испратени од Корнилиј кај него, Петар рече: „Јас сум тој, кого го барате. Зошто сте дошле?“ 22#Лк 1,6; 2,25А тие му одговорија: „Стотникот Корнилиј, човек праведен и богобојазлив, познат по своите добрини меѓу сиот јудејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да ги послуша твоите зборови.“ 23Тогаш Петар ги повика внатре и ги нагости. А утрината стана и отиде со нив; со него заминаа и некои браќа од Јопија. 24Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, повикувајќи ги своите роднини и блиски пријатели. 25#Мт 9,18Додека Петар влегуваше, Корнилиј му дотрча во пресрет, падна пред нозете негови и му се поклони. 26#14,15; Откр 19,10; 22,9А Петар го подигна и му рече: „Стани, и јас сум само човек.“ 27И така разговарајќи со него, влезе внатре, каде што најде мнозина собрани. 28#11,9; 15,9; Гал 2,12-16И им рече: „Вие знаете дека на човек Јудеец му е забрането да се дружи или да оди кај човек од друг род. Но мене Бог ми покажа ниеден човек да не го нарекувам поган или нечист. 29#10,20; 11,12Затоа, кога бев поканет, дојдов без двоумење. Сега ве прашувам, зошто ме повикавте?“ 30#Лк 24,4И Корнилиј одговори: „Пред четири дена, сѐ до овој час постев, а во деветтиот час се молев во својот дом. Одеднаш, пред мене застана човек во светла облека, 31#Лк 1,13и ми рече: ‚Корнилиј, твојата молитва е услишена, и за твоите милостини Бог Си спомна. 32Затоа прати некого во Јопија и повикај го Симон, наречен Петар; тој сега престојува на гости кај Симон Кожарот, покрај морето. Тој ќе дојде и ќе ти зборува.‘ 33Затоа јас веднаш пратив луѓе по тебе, и ти добро направи што дојде. Сега, пак, ние сите стоиме пред Бога за да слушнеме сѐ што ти е од Бога заповедано.“
Петровата беседа во куќата на Корнилиј
34 #
5 Мојс 10,17; Јов 34,19; 2 Лет 19,7; Рим 2,11; Гал 2,6; Ефес 6,9; 1 Птр 1,17 Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „Навистина сфаќам дека Бог не гледа на лице; 35#Рим 2,27; 3,29туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно. 36#13,26; Ис 52,7; 57,19; Наум 1,15; Пс 147,7-9; Рим 10,12Тој им го прати на синовите Израилеви словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. 37#Лк 4,14; 23,5-7Вие знаете за сето она што се случуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштевањето што го проповедаше Јован: 38#13,24; Ис 35,5; Лк 4,16-21; 7,22-23како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него. 39#1,22И ние сме сведоци за сѐ што направи Тој во земјата Јудејска и во Ерусалим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. 40#1,3Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, 41#1,22; 17,3; 22,14; Мк 16,14; Лк 24,30.42; Јн 21,12но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскреснување од мртвите. 42#2,36; 3,15; 4,10; 13,29-30; 17,31; 1 Птр 4,5И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите. 43#4,10-12; 13,39; Лк 24,44; 24,47Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе поверува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Неговото име.“
Светиот Дух се излева над сите
44 #
11,15
Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото. 45#2,17-22.33; Рим 5,5; Тит 3,6А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците, 46#2,11; 19,6зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече: 47#8,36; 11,17„Може ли некој да ја забрани водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Духот Свети како и ние?“ 48#28,14И им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив неколку дена.
Селектирано:
Дела 10: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006