Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 14

14
Павле и Варнава во Иконија
1Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини по­веруваа. 2А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на нез­набошците против браќата. 3#3,12; 19,11Но тие сепак останаа тука доста вре­ме и смело говореа за Господ, Кој све­дочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да станува­ат знаци и чуда. 4А народот во градот се раздели: ед­ни беа со Јудејците, а други со апосто­ли­те. 5И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат, 6тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина. 7Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.
Исцелувањето на парализираниот човек. Беседата на Павле во Листра
8Во Листра седеше еден човек, не­мо­ќен во нозете. Тој бил сакат од мај­чи­на­та утроба, не можел да оди никогаш. 9#3,4Тој слушаше додека Павле зборува­ше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави, 10па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господа Исуса Хрис­та: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди. 11А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и из­ви­каа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“ 12И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот. 13Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред новиот град, откако до­ве­де јунци и венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва. 14#Мт 26,65Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи: 15#3,12; 4,24; 10,26; 17,24; 2 Мојс 20,11; Пс 145,6; 1 Сол 1,9„Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви про­по­ве­да­ме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; 16#17,30Кој поранешните поколенија на на­родите ги остави да врват по нивните патишта, 17#Пс 144,16; Пс 145,8иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“ 18И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. До­дека се наоѓаа таму и поучуваа), 19#2 Кор 11,25од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. (И кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само лажат;), а кога го придобија народот, го каменуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов. 20Кога се собраа околу него учени­ци­те, тој стана и се врати во градот. Утре­дента со Варнава заминаа за Дерва.
Враќање од мисионерското патување во Сирија и Антиохија
21И, откако го проповедаа Еван­ге­ли­ето во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија. 22#11,23; 13,43Тие ги зацврстуваа душите на уче­ниците и, храбрејќи ги да бидат истрај­ни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу ма­ки. 23#1 Тим 3,3Па, откако им ракоположија свеш­теници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале. 24А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија; 25и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија, 26#13,2; 15,40а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија. 27По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незна­бош­ци­те. 28И таму престојуваа подолго време со учениците.

Селектирано:

Дела 14: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се