Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 2

2
Педесетница – Излевање на Светиот Дух
1Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто мес­то. 2#4,31; Јн 3,8Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. 3#4 Мојс 11,25И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно. 4И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. 5Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под не­бото. 6Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик. 7И сите вџашени и восхитени, гово­реа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци? 8Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик? 9Парти, Мидијци, Еламити и жите­лите од Месопотамија, Јудеја и Капа­до­кија, од Понт и Азија, 10Фригија, Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и привремено дојдените Римјани. 11#10,45-46Како ние Јудејците, така исто и придојдените, Критјани и Арапи, еве слушаме како тие зборуваат за го­лемите дела Божји на нашите јазици?“ 12Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“ 13#1 Кор 14,23А други, потсмевајќи се, велеа: „Се напиле со слатко вино!“
Беседата на Петар
14Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече: „Луѓе Јудејци и вие сите што живеете во Еру­салим, знајте го ова и внимателно слушнете ги моите зборови; 15овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час#2,15 Околу 9 часот претпладне. од денот: 16но ова е претскажаното преку пророкот Јоил: 17#Јоил 2,28-32‚И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќер­ки­те ваши, и младичите ваши ќе имаат ви­денија и старците ваши ќе сонуваат со­ништа. 18#4 Мојс 11,29И во тие дни, врз слугите Мои и слугинките Мои ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат. 19И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата – крв, и оган, и чад. 20#Амос 5,18-20Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Гос­по­дов. 21#4,12; Рим 10,13; 1 Кор 1,2И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘ 22Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот пос­ве­дочен пред вас од Бога со сили, чу­де­са и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него, 23предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте. 24#Пс 17,3-5Но Бог Го воскресна, откако Го ос­лободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи. 25#Пс 15,8-11Зашто Давид за Него вели: ‚Се­ко­гаш Го гледав Господа пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се по­местам. 26Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж; 27#13,34-37зашто Ти нема да ја оставиш ду­ша­та моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање. 28Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘ 29Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до денеш­ни­ов ден. 30#2 Цар 7,12-13; Пс 88,3; 131,11Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва де­ка ќе Го подигне Христос од плодот на не­го­вите бедра на престолот Свој, 31#Пс 15,10предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање. 32Овој Исус Го воскресна Бог. За тоа сме ние сите сведоци. 33#1,4И затоа, Тој, откако беше воздигнат со десницата Божја и Го прими од Оте­цот ветувањето на Светиот Дух сега Го излеа. Тоа е она што го гледате сега вие и го слушате. 34#Пс 109,1Зашто Давид не отиде на небесата, но самиот кажа: ‚Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна, 35#Лк 20,43додека не ги поставам неприја­те­ли­те Твои во подножјето на нозете Твои.‘ 36#Мт 10,6; 15,24И затоа, нека знае со сигурност си­от Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Гос­под и Христос.“
Првите покрстувања
37Кога го слушнаа тоа, им се растре­перија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?“ 38#5,31; 13,38-39; Лк 24,47-48А Петар им рече: „Покајте се и се­кој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух. 39#Ис 57,19; Јоил 3,4Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се да­ле­ку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“ 40#5 Мојс 32,5; Мт 17,17; Гал 1,4; Фил 2,15И со многу други зборови све­до­че­ше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“ 41И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се при­соединија во тој ден околу три илјади души.
Животот во првата христијанска заедница
42 # 2,46; Лк 24,35 И беа истрајни во учењето на апос­то­лите, во заедничкиот живот, во пре­кршувањето на лебот и во молитвите. 43#20,7-11И страв ја обзеде секоја душа, заш­то многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите. 44А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко; 45продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно. 46И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по ку­ќи­те, се хранеа со радост и со чисто срце. 47#4,21; 11,18; 13,48; 21,20; 2 Кор 2,15Го фалеа Бога и стекнуваа благо­нак­лонетост кај сите луѓе. А Господ се­кој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.

Селектирано:

Дела 2: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се