Дела 24
24
Обвинувањето на Јудејците против Павле
1 #
25,2
По пет дена слезе првосвештеникот Ананија со старешините и со некој си говорник Тертил, па излегоа пред намесникот, обвинувајќи го Павле. 2#24,10А кога го повикаа Павле, Тертил почна да го обвинува, велејќи: 3„Секогаш и насекаде со голема благодарност признаваме дека преку тебе, многупочитуван Феликсе, кај нас има полн мир, а преку грижите твои – на овој народ му се дели вистинска правда. 4#26,2-3Но, за да не ти одземеме многу време, те молам да нѐ ислушаш накратко со твојата кротост. 5Утврдивме дека овој човек е чума и дека крева бунтови против сите Јудејци по вселената и дека е предводник на назарејската ерес. 6#6,13-14; 25,8Тој се обиде дури и храмот да го оскверни. Затоа ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон; 7но заповедникот Лисиј дојде и со голема сила го истргна од рацете наши, и го испрати кај тебе, 8откако заповеда и ние, неговите обвинители, да дојдеме кај тебе. Ти ќе можеш сам да го испиташ и од него да дознаеш за што го обвинуваме ние.“ 9И Јудејците потврдуваа дека е така.
Павле ја искажува својата одбрана пред Феликс
10 #
24,4; 26,2 Намесникот му даде знак на Павле да зборува, а тој одговори: „Бидејќи знам дека од пред многу години си му судија на овој народ, со послободно срце ќе зборувам во моја одбрана. 11#20,16Ти можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена откако се искачив во Ерусалим на поклонение. 12Но не ме најдоа ниту во храмот некому да зборувам, или бунт да кревам меѓу народот, ни по синагогите, ниту, пак, во градот. 13Ниту, пак, тие можат да го докажат она што сега ти зборуваат за мене. 14#28,23Но ти признавам дека според учењето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и во Пророците, 15#23,6; 26,6-8дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат. 16#23,1; 2 Тим 1,3А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето. 17#11,29; 21,23-26По многу години дојдов да му донесам на мојот народ милостина и приноси. 18Тогаш, кога се бев очистил, ме најдоа во храмот, ни со народ, ниту со немир, 19#21,27некои азиски Јудејци, кои требаше да се претстават пред тебе и да ме обвинат, ако имаат нешто против мене. 20Или, пак, тие сами да кажат дали во мене нашле некаква неправда, кога се бев јавил пред Синедрионот, – 21#23,6; 24,15освен само овие зборови, кои, застанат пред нив, гласно ги изговорив: ‚Заради воскресението на мртвите ме судите вие денес.‘“ 22Кога го слушна тоа Феликс, тој го одложи делото, бидејќи добро знаеше за тоа учење, и рече: „Ќе го разгледам делото кога ќе дојде заповедникот Лисиј.“ 23И му заповеда на стотникот да го пази Павле, но да му дава извесна слобода, и да не запира никого од неговите блиски да му служат, или да доаѓаат кај него.
Павле пред Феликс и Друзила
24По неколку дена дојде Феликс со жената своја Друзила која беше Јудејка, па го повика Павле и слушаше од него за верата во Христос Исус. 25#17,32; Мк 6,17-20А кога Павле зборуваше за правда, за воздржување и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: „Сега оди си, а кога ќе најдам време, ќе те повикам.“ 26При ова се надеваше дека Павле ќе му даде пари за да го пушти; затоа често го повикуваше и разговараше со него. 27#12,3; 25,9Но кога изминаа две години, Феликса го замени Порциј Фест. И бидејќи сакаше да им угоди на Јудејците, Феликс го остави Павле во окови.
Селектирано:
Дела 24: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006