Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 4

4
Петар и Јован пред Синедрионот
1 # 5,24 И уште додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свеш­тениците, старешината на храмот и са­дукеите, 2#16,20; 23,6-8; Лк 20,27-39; 1 Кор 15,20-23; Кол 1,18огорчени што тие го поучуваат на­родот и навестуваат воскресение на мрт­вите во името на Исус Христос; 3#5,26и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило. 4А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади. 5#5,21; Лк 22,66Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците, 6#Лк 3,2; Јн 18,3.24.28првосвештеникот Ана, Кајафа, Јо­ван и Александар, и сите што му при­па­ѓаа на родот првосвештенички. 7#Лк 20,2Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква моќ и во чие име го направивте ова?“ 8#13,9; Лк 12,11-12Тогаш Петар, исполнет со Дух Све­ти, им рече: „Началници народни и ста­решини израилски, 9ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој излекуван, 10#2,22-24; 3,16; 5,30; 13,28-30тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израилски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го рас­пнавте, Кого Бог Го воскресна од мрт­ви­те. 11#Пс 117,22; Лк 20,17; Рим 9,33; 10,11; 1 Птр 2,4.7Тој е оној камен што од вас ѕи­да­ри­те беше отфрлен, Кој стана камен те­мелник; 12и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.“ 13#2 Кор 11,6А кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и дознаа дека тоа се неуки и прости луѓе, тие само се восхитуваа. Сфатија дека и тие беа со Исус. 14Но, гледајќи го излечениот човек како стои со нив, тие немаа што да им возвратат. 15Затоа им заповедаа да излезат надвор од Синедрионот, па почнаа да се со­ветуваат и да се прашуваат еден со друг, 16#Јн 11,47велејќи: „Што да правиме со овие луѓе? Зашто и големото чудо што се случи преку нив познато им е на сите што живеат во Ерусалим, и ние не мо­жеме тоа да го одречеме. 17Но за да не се разгласува ова по на­родот уште повеќе, строго да ги зап­ла­шиме да не зборуваат повеќе никому во Негово име.“ 18#5,28И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус. 19#5,29Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе от­колку Бог; 20зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“ 21#Лк 19,48А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги зап­ла­шија и ги пуштија поради народот; заш­то сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило. 22Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од че­тириесет години.
Молитва на верниците
23И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа прво­свештениците и старешините. 24#2 Мојс 20,11; 4 Цар 19,15; Ис 36,16; Пс 145,6; Неем 9,6А овие, штом ги ислушаа, едно­душ­но го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив; 25#Пс 2,1-2и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и луѓе­то намислуваат празни работи? 26Се дигнаа царевите земни и кнезо­вите се собраа заедно против Господа и против Неговиот Помазаник#4,26 Во грчкиот текст: Христос.‘. 27#Лк 23,12.23И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израилски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти, 28#2,23; 13,27-29; Лк 24,26за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја – да се збидне. 29И сега, Господи, погледај на нив­ни­те заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го про­по­ве­даат Твоето слово, 30полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“ 31#2,1-4; 10,44-46И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.
Верниците меѓусебно го споделуваат својот имот
32 # 2,42-44 А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко. 33Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господа Исуса Христа; и имаше голема благодат над сите нив. 34Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и па­рите земени за нив ги донесуваа 35#2,44-45и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според не­говите потреби. 36Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, ле­вит, родум од Кипар, 37кој имаше нива, ја продаде, ги до­не­се парите и ги положи пред нозете на апостолите.

Селектирано:

Дела 4: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се