Дела 6
6
Избор на седуммина помошници (ѓакони)
1 #
9,29
Кога учениците се намножија, елинизираните Јудејци се побунија против Евреите зашто при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици. 2Тогаш Дванаесетте, го свикаа целото мноштво ученици, и рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да послужуваме на трпезите. 3#16,2; 22,12Затоа, браќа, одберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух и мудрост, па ќе ги поставиме на таа служба; 4#2,42; 20,24а ние целосно ќе ѝ се посветиме на молитвата и на службата на словото.“ 5Предлогот му се допадна на сиот народ; па ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и Дух Свети, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармена, Николај, еден новопридојден од Антиохија; 6#4 Мојс 27,18-20нив ги поставија пред апостолите, а тие, откако се помолија, ги положија рацете над нив. 7#2,41И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свештеници ѝ се покори на верата.
Стефан е фатен
8 #
5,12
А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето. 9Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Либертините#6,9 Ослободениците, на Киринејците и Александријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефан; 10#Лк 21,15но не можеа да се спротивстават на мудроста и Духот со кои тој зборуваше. 11Затоа тајно подучија некои луѓе да речат: „Го чувме дека хули на Мојсеј и на Бога.“ 12Така го надразнија народот, старешините и книжниците. Потоа пристапија кон него, го зграпчија и го одведоа во Синедрионот. 13Таму поставија лажни сведоци, кои рекоа: „Овој човек постојано хули на ова свето место и на Законот. 14Го слушнавме како зборува дека Исус од Назарет, Тој ќе го разруши ова место и ќе ги измени обичаите што ни ги предаде Мојсеј.“ 15Тогаш сите што беа во Синедрионот го вперија погледот во него и видоа дека лицето негово му беше како лице на ангел.
Селектирано:
Дела 6: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: