Дела 7
7
Беседата на Стефан
1Тогаш првосвештеникот рече: „Така ли е тоа?“ 2#Пс 28,3А тој одговори: „Луѓе браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан, 3#1 Мојс 12,1; 12,5и му рече: ‚Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татко ти, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.‘ 4Тогаш тој излезе од земјата Халдејска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресели во оваа земја, каде што живеете вие сега. 5#1 Мојс 12,7; 13,15; 15,18; 17,8; 24,7; 48,4И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во посед, иако уште немаше челад. 6#1 Мојс 15,13-14; 2 Мојс 3,12И му рече Бог вака: ‚Потомците твои ќе бидат населени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четиристотини години. 7Но јас ќе му судам на оној народ, под чие ропство ќе бидат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова место‘. 8#1 Мојс 17,16-27; 21,4И му го даде заветот за обрезание. Потоа на Авраам му се роди Исак и тој го обреза на осмиот ден; а Исак го роди Јакова, Јаков, пак, дванаесетте патријарси. 9#1 Мојс 37,11.28; 39,2.3.21.23Патријарсите беа завидливи кон Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него, 10#1 Мојс 41,37-39и го избави од сите негови маки и го дарува со благодат и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави и за началник над Египет и над целиот свој дом. 11#1 Мојс 41,54; 42,5Тогаш настана глад и голема мака по целата земја египетска и хананска, и нашите татковци не наоѓаа храна. 12#1 Мојс 42,1-2А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, ги прати таму по прв пат татковците наши. 13#1 Мојс 45,3-4; 45,16И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го запозна родот на Јосиф. 14#1 Мојс 45,9-11; 45,18-19; 46,27Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и сиот свој род – седумдесет и пет души. 15#1 Мојс 49,33И така Јаков слезе во Египет, и таму умре тој и татковците наши; 16и ги пренесоа во Сихем, и ги положија во гробот, што во Сихем го беше купил за сребро Авраам од синовите на Емор. 17Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето, 18#2 Мојс 1,8сѐ додека во Египет не дојде друг цар кој не го познаваше Јосиф. 19#2 Мојс 1,10-11.22Тој лукаво постапи со нашиот народ, ги мачеше татковците наши, присилувајќи ги своите новороденчиња да ги оставаат за да не останат живи. 20#2 Мојс 2,2; Евр 11,23Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше на Бога мил. Три месеци беше хранет во куќата на својот татко. 21#2 Мојс 2,3-10А кога беше оставен, него го прибра фараоновата ќерка и го одгледа како свој син. 22И ја научи Мојсеј целата мудрост египетска и беше силен во зборови и во дела. 23А кога навршуваше четириесет години, нему му дојде на ум да ги посети браќата свои, синовите Израилеви. 24#2 Мојс 2,11-12И кога виде дека еден од нив го навредуваа, го заштити; одмаздувајќи се за измачуваниот, го уби Египќанецот. 25Тој мислеше дека браќата негови ќе согледаат дека Бог преку неговата рака ќе им даде спасение, но тие не сфатија. 26#2 Мојс 2,13А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и ги советуваше да се смират, велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘ 27#Лк 12,14Но оној што го навредуваше својот ближен, го одби од себе и му рече: ‚Кој те поставил да бидеш началник и судија над нас? 28#2 Мојс 2,14Или, пак, и мене сакаш да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот?‘ 29#2 Мојс 2,15Од тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во земјата мидјанска, каде што му се родија два сина. 30#2 Мојс 3,1-2И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен во една капина. 31#2 Мојс 3,4Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, пристигна до него гласот Господов: 32#2 Мојс 3,6‚Јас сум Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јаковов.‘ Мојсеј се стресе и не смееше да погледа. 33#2 Мојс 3,5А Господ му рече: ‚Собуј си ги обувките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја! 34#2 Мојс 3,7.8.10Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав неговото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега пријди да те пратам во Египет!‘ 35#2 Мојс 2,14Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, велејќи: ‚Кој те поставил за началник и судија‘, него Бог преку ангелот, кој му се јави во капината, го прати за началник и избавител. 36#2 Мојс 7,3; 14,21; 4 Мојс 14,33Тој ги изведе, правејќи чудеса и знаци во земјата египетска и во Црвеното Море и во пустината во тек на четириесет години. 37#3,22; 5 Мојс 18,15Тоа е оној Мојсеј што беше им рекол на синовите Израилеви: ‚Господ, Бог ваш, меѓу браќата ваши ќе ви издигне Пророк како мене. Него послушајте Го!‘. 38#2 Мојс 19,1-6; 20,1-17; Рим 10,5; Евр 2,2Тоа е оној што на собирот во пустината на Планината Синајска беше со ангелот кој му зборуваше, и со татковците наши; оној што прими животворни зборови нам да ни ги предаде, 39#7,53; 4 Мојс 14,3и кому нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија со срцата свои и се свртеа кон Египет, 40#2 Мојс 32,1.32велејќи му на Арон: ‚Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на оној Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘ 41#2 Мојс 32,4-6И во оние дни направија лик на теле, и му принесоа жртви на идолот и се веселеа пред делото на своите раце. 42#Амос 5,25-27#Ер 7,18; 8,2; 19,13А Бог се одврати од нив и ги остави да му служат на воинството небесно, како што е напишано во Книгата на пророците: ‚Доме Израилев, Ми принесовте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пустината? 43Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, идоли што ги направивте вие за да им се поклонувате: и Јас ќе ве преселам потаму од Вавилон.‘ 44#2 Мојс 25,9.40; Евр 8,5Нашите татковци имаа во пустината скинија на собранието, како што беше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел. 45#Ис.Н. 3,14-17; 23,9; 24,18Неа татковците наши ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, што Бог ги отфрлаше од лицето на татковците наши; а тоа се случуваше сѐ до времето на Давид, 46#Пс 131,5кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јаковов. 47#2 Цар 7,12-16; 3 Цар 6,1.14А Соломон Му изгради дом, 48#17,24; Мк 14,58; Евр 9,11.24но Севишниот не живее во ракотворени храмови, како што вели пророкот; 49#Ис 66,1-2‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое место е за Мојата почивка? 50Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘ 51#2 Мојс 33,3.5; 3 Мојс 26,41; 5 Мојс 9,13; Ис 63,10; Ер 4,4; 6,10; 2 Лет 30,7-8Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие. 52#2 Лет 36,16; Мт 23,34-35; 1 Сол 2,15-16Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Праведникот, чии предавници и убијци станавте сега и вие, 53#Гал 3,19; Евр 2,2вие, што го примивте Законот преку ангелите, а не го одржавте.“
Каменувањето на Стефан
54Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа против него. 55А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исус како стои од десната страна на Бога, 56#Дан 7,13и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.“ 57Но тие извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него. 58#5 Мојс 17,7; Лк 4,29И откако го изведоа надвор од градот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Савле. 59#Лк 23,46; Пс 30,5И додека фрлаа камења врз Стефан, тој повикуваше и велеше: „Господи Исусе, прими го духот мој!“ 60Потоа падна на колена, и извика со висок глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, почина.
Селектирано:
Дела 7: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: