Битие 25
25
Смртта на Авраам. Другите негови потомци
1А Авраам зеде втора жена, по име Кетура. 2И таа му ги роди Зимран, Јокшан, Медан, Мидјан, Јишбак и Шуах. 3Јокшан ги роди Сева, (Теман) и Дедан. А Деданови синови беа (, Навдеел) Ашурим, Летушим и Леумим. 4А синови Мидјанови: Ефа, Ефер, Ханох, Авида и Елдаа. Сите тие беа потомци Кетурини. 5#24,36А Авраам сиот свој имот му го даде на (својот син) Исак. 6На синовите, пак, од своите наложници им даде Авраам подароци, и, уште додека беше жив, ги испрати на исток, во источната земја – далеку од синот негов Исак. 7А деновите на Авраамовиот живот, што го поживеа, беа сто седумдесет и пет години. 8#15,15И откако издивна, умре Авраам во среќна старост, престар и сит од животот, и се прибра кај народот свој. 9А го погребаа неговите синови, Исак и Исмаил, во пештерата Махпела, во нивата на Ефрон, синот на Хитиецот Цохар, што се наоѓаше спроти Мамре; 10#23на нивата (и во пештерата), што ја беше купил Авраам од синовите Хетеови, таму беше погребан Авраам со жена му Сара. 11#24,62А по смртта Авраамова го благослови Бог Исак, синот негов. Исак живееше, пак, во Беер Лахај Рои. 12Еве го родословието на Исмаил, синот Авраамов, кого му го роди на Авраам Агара Египќанката, слугинката на Сара. 13#16,10; 36,3; 1 Лет 1,29-31Ова се имињата на синовите Исмаилови, како што ги именуваа во родовите нивни: првенецот Исмаилов е Навајот, па Кедар, Адбеел и Мивсам, 14потоа Мишма, Дума и Маса, 15Адад, Тема, Јетур, Нафиш и Кедма. 16Тоа се синовите Исмаилови, и тоа се имињата нивни според селата и градовите нивни. Тоа се племињата нивни. 17А деновите на животот Исмаилов се сто триесет и седум години. Потоа издивна и умре, и се прибра при својот род. 18#16,7.12Тие живееја од Хавила дури до Сур, што е пред Египет, на патот кон Асирија. Тие се населија спроти сите браќа свои.
ЈАКОВ
Исав и Јаков
19А ова е родословието на Исак, синот Авраамов: Авраам го роди Исак. 20А Исак имаше четириесет години кога се ожени со Ревека, ќерката на Арамеецот Ветуил од Месопотамија, сестра на Арамеецот Лаван. 21И Исак Му се помоли на Господ за жената своја (Ревека), бидејќи таа беше неплодна; и Господ го чу, па Ревека, жената негова, зачна. 22#38,27-30Но децата се удираа едно со друго во утробата нејзина, и таа рече: „Ако биде така, зошто ми е ова?“ И отиде да Го праша Господа. 23#Мал 1,2-5; Рим 9,12А Господ ѝ рече: „Две племиња има во утробата твоја, и два народа ќе излезат од тебе; едниот народ ќе биде посилен од другиот и поголемиот ќе му служи на помалиот.“ 24И дојде времето да роди, а ете – близнаци во утробата нејзина. 25Излезе синот првенец црвен, целиот рунтав како руно; и му дадоа име Исав. 26#Ос 12,3А потоа излезе брат му, држејќи го Исав со рака за петата; нему му ставија име Јаков. А Исак имаше шеесет години, кога тие се родија. 27И децата пораснаа: Исав стана вешт ловец и човек на полето, а Јаков човек кроток кој живееше во шатори. 28#27,3-10Исак го сакаше Исав, зашто му се допаѓаше дивечот негов; а Ревека го сакаше Јаков. 29Еднаш Јаков зготви јадење, и Исав дојде од полето уморен. 30И му рече Исав на Јаков: „Дај ми да јадам од црвеното вариво, зашто сум уморен.“ Затоа му го дадоа прекарот Едом#25,30 На еврејски црвен.. 31#5 Мојс 21,17Но Јаков му рече: „Продај ми го денес првородството твое!“ 32А Исав одговори: „Еве, јас умирам, па што ќе ми е тоа првородство?“ 33Но Јаков му рече: „Заколни ми се уште сега!“ И тој му се заколна. И му го продаде своето првородство на Јаков. 34#Евр 12,16И Јаков му даде на Исав леб и варена леќа, и тој јадеше и пиеше, па стана и си отиде. Така Исав го презре првородството свое.
Селектирано:
Битие 25: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: