Битие 26
26
Исак и Авимелех
1 #
12,10-20
Но настана глад во земјата покрај оној што беше во Авраамовото време; и Исак отиде кај Авимелех, царот филистејски, во Герар. 2#46,3И му се јави Господ и рече: „Не оди во Египет, туку живеј во земјата, што ќе ти ја покажам. 3#Сир 44,22; Евр 11,9Насели се во таа земја и Јас ќе бидам со тебе, и ќе те благословам; зашто тебе и на потомството твое ќе ви ја дадам сета таа земја, и ќе ја потврдам заклетвата, со која му се заколнав на Авраам, таткото твој; 4#12,3.7; 15,5и ќе го умножам потомството твое како ѕвездите на небото, и ќе му ја дадам на потомството твое сета таа земја и ќе се благословат преку потомството твое сите земни народи. 5#22,18Бидејќи Авраам го послуша гласот Мој и се покоруваше на заповедите Мои, на наредбите Мои и на законите Мои.“ 6И се насели Исак во Герар. 7А луѓето во тоа место прашуваа за жената негова (Ревека), а тој велеше – сестра ми е – зашто се плашеше да каже – жена ми е – за да не го убијат луѓето од тоа место заради Ревека, бидејќи таа беше убава. 8#Проп 9,9Но откако мина многу време, Авимелех, царот филистејски, погледна низ прозорец, и виде како Исак се забавува со Ревека, жената своја. 9И го викна Авимелех Исак и му рече: „Па, таа ти била жена; а зошто рече – сестра ми е?“ – А Исак му одговори: „Зашто помислив дека ќе загинам поради неа.“ 10Авимелех тогаш му рече: „Што ни направи? Лесно можеше да се случи некој од надвор да легне со твојата жена, и ќе нѐ воведеше во грев.“ 11И му заповеда Авимелех на сиот народ свој, велејќи: „Кој ќе се допре до овој човек или до жената негова, ќе загине!“ 12#12,2И Исак почна да сее во таа земја, и таа година доби стопати повеќе јачмен. Господ го благослови. 13И човекот се издигна и стануваше сѐ поголем, додека не стана многу богат. 14И се здоби со стада ситен и крупен добиток и со многу слуги, така што Филистејците почнаа да му завидуваат.
Исак склучува сојуз со Авимелех
15Па сите извори што ги беа ископале татковите му слуги при животот на неговиот татко Авраам, Филистејците ги затрупаа со земја. 16#2 Мојс 1,9И Авимелех му рече на Исак: „Оди си откај нас, зашто стана многу посилен од нас!“ 17Тогаш Исак си отиде оттаму, и ги распна шаторите свои во Герарската долина, и се насели таму. 18И одново ги откопа изворите што беа ископани во времето на Авраам, таткото негов, а кои ги беа затрупале Филистејците по смртта на Авраам; и ги нарече со истите имиња, што им ги беше дал неговиот татко. 19И, копајќи во долината (Герарска), слугите Исакови најдоа извор со жива вода. 20Па се скараа пастирите герарски со пастирите на Исак, велејќи: „Водата е наша.“ И му кладе име на тој извор Есек#26,20 На еврејски спор, караница.. 21(Кога се крена Исак оттаму) ископаа друг извор, и околу него се скараа. Затоа него го нарече Ситна#26,21 На еврејски пречка, сопка, спротивставување.. 22Тогаш се крена оттаму, и ископа нов извор, а околу него немаше караница; затоа го нарече Реховот#26,22 На еврејски простори., велејќи: „Зашто Господ ни даде простори за да се размножиме во оваа земја.“ 23А оттаму тој замина во Вирсавија. 24#3 Мојс 26,3-4; 5 Мојс 28,4-8; Пс 143,12-15И истата ноќ му се јави Бог, и му рече: „Јас сум Бог на Авраам, таткото твој. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; ќе те благословам и ќе го умножам потомството твое заради Авраам слугата мој.“ 25#8,20И направи тој таму жртвеник, и Го призва името Господово. И таму го распна шаторот свој, а слугите на Исак ископаа извор таму (во Герарската долина). 26#21,22-23Тогаш дојде кај него Авимелех од Герар, со Ахузат, пријателот свој, и со Пихол, војсководецот свој. 27А Исак им рече: „Зошто дојдовте кај мене кога ме мразите и ме истеравте откај вас?“ 28#39,3; 1 Цар 18,14А тие одговорија: „Видовме дека Господ е навистина со тебе, па рековме – да положиме меѓу тебе и нас клетва и да склучиме со тебе сојуз – 29да не ни правиш зло, бидејќи и ние тебе не те допревме и ти правевме само добро, и те пуштивме да заминеш спокојно; и ете, сега си благословен од Господ.“ 30#31,54Тогаш тој им приреди гозба; па јадеа и пиеја. 31А утредента, откако станаа рано, се заколнаа еден на друг, и ги отпушти Исак, и тие отидоа од него со мир. 32Истиот ден дојдоа слугите на Исак и му кажаа за изворот, што го ископаа, и му рекоа: „Најдовме вода.“ 33И тој го нарече Шива. Поради ова и се вика оној град Вирсавија#26,33 Нејасно на еврејски, Извор на седумте или Извор на клетвата. и до ден денешен.
Женидбата на Исав
34 #
24,3; 28,1; 36,1-5 А кога Исав имаше четириесет години, се ожени со Јудита, ќерка на Хитиецот Беери, и со Басемата, ќерка на Хитиецот Елон. 35А тие станаа тегоба за Исак и Ревека.
Селектирано:
Битие 26: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: