Лука 16
16
Парабола за досетливиот настојник
1 #
12,42
А на учениците Свои им рече: „Си беше еден богат човек кој имаше настојник; и тој беше наклеветен пред него дека го растура неговиот имот. 2#Рим 14,12И тој го повика, и му рече: ‚Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘ 3А настојникот си рече во себе: ‚Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам, да просам – се срамам. 4Знам што да направам, за да ме примат во своите домови, откако ќе бидам отпуштен од раководењето на куќата.‘ 5И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘ 6Тој одговори: ‚Сто мери масло.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘ 7Потоа му рече на другиот: ‚А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ‚Сто мери пченица.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата и напиши осумдесет!‘ 8#20,34; Јн 8,12; 12,36; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5И го пофали господарот несправедливиот настојник, зашто постапил досетливо; зашто синовите на овој свет кон својот род се подосетливи од синовите на светлината.
За неправедно стекнатото богатство и за вистинското добро
9 #
12,33; 18,22 И јас ви велам: создадете си пријатели преку неправедно богатство, па, кога ќе осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта. 10#19,17; Мт 25,21.23Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот во малку и во многу е несправедлив. 11Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? 12И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? 13#Мт 6,24Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон#16,13 Мамон значи добивка, богатство..“
Законот и царството
(Мт 11,12-13; 5,31-32; Мк 10,11-12)
14 #
20,47
Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа. 15#20,20; 1 Цар 16,7; Ер 11,20; Изреки 16,5; 24,12; Мт 23,28; Дела 15,8 И им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност. 16#4,43; 13,24; Мт 3,1Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се проповеда Евангелието за царството Божјо и секој со усилба влегува во него. 17#Мт 5,18Но полесно е небото и земјата да поминат, отколку една црта од Законот да пропадне. 18#Мт 5,32; 19,9; 1 Кор 7,10-11Секој, што ја отпушта жената своја и се жени со друга, извршува прељуба, и секој што се жени со онаа што ја отпуштил мажот, прави прељуба.“
Парабола за богатиот човек и Лазар
19„Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше. 20#Јн 11,1-44; 12,1.9А еден сиромав, по име Лазар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти, 21#Изреки 26,11; Мт 7,6; 15,27кој сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови. 22#13,28Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа. 23И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во неговите пазуви. 24Тогаш тој извика и рече: ‚Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Лазар да го накваси врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!‘ 25#6,21.24Но Авраам рече: ‚Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш. 26Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не преминуваат кај нас.‘ 27А тој пак рече: ‚Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа, 28зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘ 29#24,44; Јн 5,45-47; Дела 15,21Авраам му рече: ‚Тие ги имаат Мојсеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘ 30А тој рече: ‚Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘ 31#24,27.44; Јн 5,46-47; 11,44; 20,29Авраам му рече: ‚Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да се уверат.‘“
Селектирано:
Лука 16: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006