Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 23

23
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2.11-14; Мк 15,1-5; Јн 18,28-38)
1И сето мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат, 2#20,20-26; 3 Цар 18,17; Дела 17,7; 24,5и почнаа да Го обвинуваат, гово­реј­ќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот наш и забранува да се дава да­нок на царот, и вели дека е Тој Христос Цар.“ 3#22,70; Мт 2,2Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“ 4#23,14.22.41; Дела 3,13; 13,28; Јн 18,38; 19,4.6Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава ви­на кај Овој Човек.“ 5#4,44Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по це­ла Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде.
Исус пред Ирод
6А Пилат, штом чу за Галилеја, зап­раша: „Зар е Овој Човек Галилеец?“ 7#Мт 14,1И кога разбра дека е Тој од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Еру­са­лим. 8#9,9; Дела 4,27Ирод, кога Го виде Исус, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него, 9#Јн 19,9и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не му одговори. 10А првосвештениците и книжниците стоеја и жестоко Го обвинуваа. 11#Мк 15,17-20; Јн 19,2-3Ирод, пак, со војниците свои, отка­ко Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак кај Пилат. 12#Дела 4,27Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто порано беа скарани меѓу себе.
Исус осуден на смрт
(Мт 27,15-26; Мк 15,6-15; Јн 18,39–19,16)
13Пилат ги повика првосвештени­ци­те, началниците и народот, 14#23,4; Дела 28,18па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, за што Го обвинувате; 15а ниту Ирод, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт; 16па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“ 17А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник. 18#Дела 21,36Но сите тие заедно повикаа, гово­рејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“ 19Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство. 20#Дела 3,13Пилат одново повика, сакајќи да Го пушти Исус. 21Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“ 22#Јн 21,17Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Не­го ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“ 23Но тие настојуваа со го­лем вик и бараа Тој да биде распнат; и над­вла­деа нивниот вик и оној на прво­свеш­тениците. 24И Пилат одлучи да го исполни нивното барање, 25па им го пушти затвореникот кој беше во темница заради бунт и убиство, оној за кого бараа; и Исус им го пре­да­де на нивната волја.
Исусовото распнување
(Мт 27,32-44; Мк 15,21-32; Јн 19,17-27)
26 # 9,23; 14,27; Дела 2,10; 11,20 И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го ставија крстот, за да го носи по Исуса. 27#18,13; 23,48; Зах 12,10-14А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него. 28Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за сво­ите деца; 29#11,27; 21,23; Ос 9,14; Мт 5,3зашто, ете, се приближуваат дено­вите кога ќе се рече: ‚Блазе на неплод­ни­те и на утробите што не родиле и на градите што не доеле!‘ 30#Ос 10,8; Откр 6,16Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‚Паднете врз нас‘, и на ри­диштата, ‚покријте нѐ!‘ 31#3,9; 21,20-23; 1 Птр 4,17Зашто, кога ова го прават со зе­ле­ното дрво, што ќе биде тогаш со су­во­то?“ 32#22,37; Ис 53,12Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него. 33#Мк 10,37И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот оддесно, а другиот одлево. 34#12,10; Ис 53,12; Пс 21,19; Мт 5,44; Јн 19,24; Дела 3,17; 7,60; 1 Кор 2,8А Исус рече: „Оче, прости им, заш­то не знаат што прават!“ И кога го де­леа облеклото Негово, фрлија ждрепка. 35#Ис 49,7; Пс 21,7-8А народот стоеше и гледаше; а и старешините се потсмеваа со Него велејќи: „Други спаси, нека Се спаси и Сам, ако е Тој Христос, избраникот Божји!“ 36#Пс 68,21Исто така и војниците се подигруваа со Него; приближувајќи се, тие Му принесуваа оцет, 37#Пс 20,7; Мт 2,2и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!“ 38А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Царот Јудејски.“ 39Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас!“ 40А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден? 41#Мк 15,14Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според на­шите дела; но Тој ништо лошо не на­правил.“ 42#19,12; 1 Мојс 40,14; Мт 16,28И Му рече на Исус: „Сети се на ме­не, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“ 43#1 Мојс 2,8; 1 Сол 4,17; Откр 2,7А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“
Исусовата смрт
(Мт 27,45-56; Мк 15,33-41; Јн 19,28-30)
44 # 2 Мојс 10,22; Амос 8,9-10 А беше веќе околу шестиот час и настана мрак по целата земја, до девет­ти­от час; 45#2 Мојс 26,31-33; 36,35; Евр 9,8; 10,19-20и сонцето се помрачи, и завесата од храмот се расцепи преку средината. 46#2,49; 22,42; Пс 30,6; Дела 7,59А Исус извика со силен глас и рече: „Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!“ И штом го рече тоа, издивна. 47#Мудр 2,12-20; 5,1-7; Дела 3,14Стотникот, пак, кога виде што ста­на, Го прослави Бога и рече: „Навис­тина Овој Човек бил праведник!“ 48#18,13; 23,27И сиот народ што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше удирајќи се в гради. 49#8,2; 23,55; 24,10; Пс 37,11; 87,9А сите Негови познати, и жените, што врвеа по Него од Галилеја, стоеја по­да­леку и го гледаа тоа.
Исусовиот погреб
(Мт 27,57-61; Мк 15,42-47; Јн 19,38-42)
50А ете, еден човек по име Јосиф, член на советот, добар и праведен човек, 51#2,25.38кој не се согласи со одлуката нивна и делото нивно. Беше од јудејскиот град Ариматеја. А и самиот го оче­ку­ва­ше царството Божјо. 52Тој отиде кај Пилат и го побара телото Исусово; 53#19,30па Го симна и обви во платно, Го по­ложи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен. 54#5 Мојс 21,23Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше. 55По него врвеа и жените, што беа дошле со Исус од Галилеја, и го видоа гробот и полагањето на телото Негово. 56#2 Мојс 12,16; 20,10; 5 Мојс 5,14; Мк 16,1А потоа се вратија, приготвија ми­риси и миро, а во саботата одмараа спо­ред заповедта.

Селектирано:

Лука 23: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се