Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 4

4
Исусовото искушување
(Мт 4,1-11; Мк 1,12-13)
1 # 5 Мојс 9,9; 3 Цар 19,8 Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината. 2#Евр 4,15Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот. Во текот на тие денови не ја­деше ништо, а кога изминаа тие, најпос­ле огладне. 3#3,22Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“ 4#5 Мојс 8,3А Исус му одговори и рече: „Напи­шано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.“ 5Потоа ѓаволот Го одведе на една ви­сока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот. 6#Мт 28,18; 1 Јн 5,19; Откр 13,2.4И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. 7#Ер 27,5Ако Ти ми се поклониш, сето тоа ќе би­де Твое.“ 8#5 Мојс 6,13; 10,20Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто напишано е: ‚На Господа, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“ 9#Ез 8,3И Го одведе во Ерусалим, и Го пос­тави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде до­лу! 10#Пс 90,11-12Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те за­чу­ваат; 11и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“ 12#5 Мојс 6,16И Исус му одговори и рече: „Кажа­но е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“ 13#22,3.53; Јн 13,2.27; Евр 4,15Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за некое време.
Исус го започнува Своето дејствување во Галилеја
(Мт 4,12-17; Мк 1,14-15)
14 # Мт 3,16; 4,12 И се врати Исус во Галилеја во си­лата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај. 15#Мт 4,23; 9,35А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите Го прославуваа.
Исус е отфрлен во Назарет
(Мт 13,54-58; Мк 6,1-6)
16 # 2,39.51; Мт 13,54; Дела 17,1-2 И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата и стана да чита. 17Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: 18#Ис 61,1-2#Ис 58,6„Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза да им со­општам ра­досна вест на сиромашните. Ме прати да ги исцелам оние со скрушено срце, да им проповедам на заробените осло­бо­дување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напате­ни­те; 19#3 Мојс 25,10-13да ја проповедам благопријатната година Господова!“ 20#Дела 6,15Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него. 21#2,11И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо што го чувте.“ 22#2,47; 4,15; Мт 13,55; Јн 7,46И сите Му посведочија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова и ве­леа: „Не е ли Овој синот на Јосиф?“ 23#4,31-41; Мк 1,21А Тој им рече: „Некој од вас сигур­но ќе Ми приговори со оваа изрека: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“ 24#Мк 6,4; Јн 4,44Па им рече: „Вистина ви велам: ни­еден пророк не е омилен во својата тат­ковина. 25#3 Цар 17,1; 18,1; Јк 5,17Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израил, во времето на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја; 26#3 Цар 17,8-16 и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска; 27#4 Цар 5,1-14и имаше мнозина лепрозни во Из­раил во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не се очисти, освен Сири­ецот Нееман.“ 28#Дела 7,57А кога го слушнаа тоа, сите во си­на­гогата се исполнија со гнев; 29#4 Мојс 15,35; Дела 7,58па станаа, Го истераа надвор од гра­дот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора. 30#Јн 8,59; 10,39Но Тој помина меѓу нив и си отиде.
Исус во Капернаум. Силата на Неговиот збор
(Мт 7,28-29; Мк 1,21-28)
31 # Мт 4,13 И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботни­те денови. 32#Мт 7,28-29; Мк 11,18И се чудеа на Неговата наука, заш­то Неговото слово беше силно. 33#Мк 5,2.7Во синагогата имаше еден чо­век обземен од дух на нечист демон, и тој извика со силен глас: 34#Мт 8,29; Јн 6,69; Дела 3,14„Еј, што сакаш од нас Ти, Исусе од На­за­рет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“ 35А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи. 36Сите ги обзеде страв, па си зборуваа меѓу себе: „Каков ли е тој збор! Зашто со власт и сила им заповеда на не­чис­ти­те духови и тие излегуваат!“ 37#4,14; Мт 9,26Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
Исус оздравува многумина болни
(Мт 8,14-17; Мк 1,29-34)
38 # Јн 4,52; Дела 28,8 # Мт 4,18 Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а тештата на Си­мон имаше силна треска, и Го помолија за неа. 39И како застана над неа, Тој ја пре­кори треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше. 40#13,13; 1 Тим 4,14И на зајдисонце, сите што имаа болни од разни болести ги доведуваа кај Него; а Тој, положувајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше. 41#3,15; Мт 14,33; 16,13.16; 22,41-42; Мк 3,11; Јн 1,20.41; 7,26-27.41-42; 11,27; 20,31; Дела 4,26; 17,3; Рим 9,5; 1 Јн 2,22Од мнозина излегуваа демони со ви­кање, и велеа: „Ти си Христос, Син Божји.“ А Тој забрануваше и не им доз­волуваше да кажуваат дека знаат дека е Тој Христос.
Исус проповеда во Јудеја
(Мт 4,23; Мк 1,35-39)
42 # Мк 1,35.37 Кога се раздени, Тој излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа кај Него, Го задржуваа да не си оди од нив. 43#Мт 9,35; 24,14; Мк 1,14-15А Тој им рече: „И на другите гра­дови треба да им ја објавам радосната вест за царството Божјо, зашто за тоа сум пратен.“ 44#Мт 4,23И проповедаше по синагогите га­ли­лејски.

Селектирано:

Лука 4: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се