Марко 12
12
Парабола за немилосрдните лозари
(Мт 21,33-46; Лк 20,9-19)
1 #
Ис 5,1-2
И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје и го загради со ограда, па ископа бунар и соѕида кула; и им го предаде на лозарите, и си отиде. 2А кога дојде времето, испрати кај лозарите слуга, за да го прибере од нив родот на лозјето. 3Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија со празни раце. 4И пак испрати кај нив друг слуга; и го нападнаа со камења и му ја расцепија главата, па го пратија посрамен. 5Испрати и друг; него, пак го убија; и мнозина други, едните ги натепаа, другите ги убија. 6#1,11; 1 Мојс 22,2; 2 Птр 1,17А имаше уште еден син, кој му беше возљубен; па, го испрати најпосле него кај нив, велејќи: ‚Ќе се засрамат од сина ми.‘ 7#Евр 1,2Но лозарите си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘ 8И го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето. 9Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други. 10#Пс 117,22-23#Дела 4,11; 1 Птр 2,7Зар не сте го читале ова во Писмото: ‚Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник.‘ 11Од Господ е тоа, и чудесно е во очите наши.“ 12#Мт 14,5И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, зашто разбраа дека за нив ја кажа параболата; па, откако Го оставија, и си отидоа.
За плаќањето данок
(Мт 22,15-22; Лк 20,20-26)
13 #
3,6; Мт 16,1 А пратија кај Него некои од фарисеите и од Иродовците, за да Го фатат на збор. 14#1,2-3; Мт 22,16; Лк 1,76; Дела 16,17; Евр 3,10; Откр 15,3Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Треба ли да му се дава данок на царот или не? Да даваме ли, или да не даваме?“ 15А Тој, знаејќи ја нивната лицемерност, им рече: „Зошто ме искушувате? Донесете ми еден денариј да го видам!“ 16И тие донесоа. Па им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Му рекоа: „На царот.“ 17#Рим 13,7Тогаш Исус им одговори и рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И тие Му се восхитуваа.
За воскресението
(Мт 22,23-33; Лк 20,27-40)
18 #
Ез 40,46; Дела 23,8; 1 Кор 15,12 Дојдоа кај Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, говорејќи: 19#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5„Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го подигне потомството на својот брат.‘ 20Беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород. 21Неа ја зеде вториот, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот. 22Ја зедоа сите седуммина, и не оставија пород. По нив умре и жената. 23При воскресението, пак, кога ќе воскреснат, на кого од нив таа ќе биде жена? Зашто седуммина ја имаа како жена.“ 24#Јн 20,9А Исус им одговори и рече: „Зар не се лажете, бидејќи не ги познавате ниту Писмата, ниту силата Божја? 25Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како ангели на небесата. 26#2 Мојс 3,6; Дела 3,13А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгите на Мојсеј, како му рече Бог кај капината, велејќи: ‚Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков, и Бог Јаковов‘? 27Но Тој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите. Вие, пак, многу се лажете!“
Најважната заповед
(Мт 22,34-40; Лк 10,25-28)
28Тогаш пристапи еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат и откако виде дека Исус им одговараше добро, Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“ 29#5 Мојс 6,4-5А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: ‚Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ. 30#Лк 10,27#Ис.Н. 22,5Затоа, возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!‘ Ова е првата заповед. 31#3 Мојс 19,18; Мт 19,19; Рим 13,9; Гал 5,14; Јк 2,8А втората е слична на неа: ‚Возљуби го својот ближен како себеси!‘ Друга заповед, поголема од овие, нема.“ 32#5 Мојс 4,35; 6,4; Ис 45,21; Лк 20,39; Рим 3,30; 1 Кор 8,6; Јк 2,19Книжникот Му рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него; 33#3 Мојс 19,18; 5 Мојс 6,5; 4 Цар 23,25; 1 Цар 15,22; Ос 6,6; Амос 5,21; Пс 39,6-8и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите сепаленици и жртви.“ 34#Мт 3,2; 6,10; 22,46; Лк 20,40Исус, пак, кога виде дека умно одговори, му рече: „Не си далеку од царството Божјо.“ И никој повеќе не се осмелуваше да Го прашува.
За Месијата
(Мт 22,41-46; Лк 20,41-44)
35 #
Јн 7,42
И кога одговараше Исус, поучувајќи во храмот, рече: „Како тоа книжниците велат дека Христос е син Давидов, 36#Пс 109,1кога самиот Давид кажа преку Светиот Дух: ‚Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на нозете Твои!‘ 37#Лк 19,48; 21,38И така, сам Давид Го нарече Господ; од каде тогаш да Му е Тој син?“ И многу народ Го слушаше со задоволство.
За книжниците
(Мт 23,1-12; Лк 20,45-47)
38 #
Лк 11,43; 14,7 И им рече потоа во Својата поука: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки и да ги поздравуваат по улиците, 39да имаат предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите. 40Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.“
Прилог од една вдовица
(Лк 21,1-4)
41 #
4 Цар 12,8; Јн 8,20 Па седна Исус спроти ризницата и гледаше како народот пушта пари во неа. Мнозина богати пуштаа многу. 42И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што изнесува еден кодрант. 43А Исус, откако ги повика учениците Свои, им рече: „Вистина ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во ризницата; 44#2 Кор 8,12зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, целиот свој имот.“
Селектирано:
Марко 12: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006