1 Летописи 19
19
Давид ги поразува Амонците и Арамејците
(2 Сам 10,1-19)
1 #
1 Мојс 19,38; 2 Лет; 20,1-2 Потоа умре Нахас, цар амонски, и место него стана цар синот негов. 2Тогаш Давид рече: „Ќе покажам милост кон Анон, Нахасовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.“ И Давид испрати пратеници за да му изразат сочувство за татко му. Давидовите слуги дојдоа во земјата на Амонците, кај Анон, за да го утешат. 3#4 Мојс 21,32Но амонските началници му рекоа на Анон: „Зар мислиш дека поради почит кон татко ти, Давид испрати кај тебе утешители? Зар слугите негови не дошле кај тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завладеат?“ 4Тогаш Анон ги фати слугите Давидови и ги избричи и им ја потсече облеката до половина, до крстот, и ги испрати. 5И тие си отидоа. Кога му соопштија на Давид за тие луѓе, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа необично многу обезличени, за да им порачаат од царот: „Останете во Ерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!“ 6#1 Мојс 34,30Кога Амонците видоа дека му станале омразни на Давид, тогаш Анон и Амонците испратија илјада кикари сребро, за да најмат коли и коњаници од Арам Нахараим и од Арамејците од Мааха и од Цова. 7#4 Мојс 21,30И најмија триесет и две илјади коли, а царот на Мааха со народот негов, дојде и се улогори спроти Медева. Се собраа и Амонците од градовите свои и излегоа на војна. 8Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоав со сета војска – јунаци. 9Амонците излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, – одделно во полето. 10Јоав, откако виде дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израел и ги нареди спроти Арамејците. 11#1 Сам 26,6А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонците. 12И тогаш рече: „Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ќе ми помогнеш ти; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти помогнам. 13Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ нека направи, како што Му е угодно.“ 14И влезе Јоав и луѓето, што беа со него, во борба со Арамејците, и тие избегаа од него. 15Амонците, пак, штом видоа дека Арамејците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав се врати во Ерусалим. 16Арамејците, откако видоа дека се победени од Израелците, испратија пратеници и ги изведоа Арамејците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Шофах, воен началник Адраазаров. 17Кога му соопштија за тоа на Давид, тој ги собра сите Израелци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Арамејците, и тие се судрија со него. 18И Арамејците избегаа од Израелците, и Давид им уништи седум илјади коли на Арамејците, и четириесет илјади пешаци, а воениот началник Шофах го уби. 19Кога видоа луѓето на Адраазар дека Израелците ги поразија, со Давид склучија мир и му се потчинија. И Арамејците не се осмелуваа повеќе да им помагаат на Амонците.
Селектирано:
1 Летописи 19: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006