1 Летописи 20
20
Освојување на градот Рава
(2 Сам 12,26-31)
1 #
Амос; 1,13-15 По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува амонската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше останал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши. 2И го зеде Давид венецот на царот нивен од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и скапоцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давид. И прилично голем плен изнесоа од градот. 3А луѓето, што беа во него, ги изведуваше и ги тераше да работат со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонските градови; па се врати Давид и сиот народ во Ерусалим.
Борба против филистејските џинови
(2 Сам 21,15-22)
4 #
1 Мојс 14,5; Ис.Н. 10,33 Потоа изби војна со Филистејците во Гезер. Тогаш Хушанецот Сивхај го уби Сипај, еден од Рефаимовите потомци. И тие беа покорени. 5#1 Сам 17,7И пак имаше војна со Филистејците. Тогаш Елханан, синот Јаиров, го уби Лахмиј, Голијатовиот брат, од Гет, на кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно. 6Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прстите му беа по шест – вкупно дваесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци. 7Тој го навредуваше Израел, но Јонатан, син на Давидовиот брат Шима, го уби. 8Тие се беа родиле од Рефаимовците во Гет, и паднаа од раката на Давид и од рацете на слугите негови.
Селектирано:
1 Летописи 20: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006