Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 20

20
Освојување на градот Рава
(2 Сам 12,26-31)
1 # Амос; 1,13-15 По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува амонската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше оста­нал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши. 2И го зеде Давид венецот на царот нивен од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и ска­поцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давид. И при­лично голем плен изнесоа од градот. 3А луѓето, што беа во него, ги изведуваше и ги тераше да работат со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонските градови; па се врати Давид и сиот народ во Еру­салим.
Борба против филистејските џинови
(2 Сам 21,15-22)
4 # 1 Мојс 14,5; Ис.Н. 10,33 Потоа изби војна со Филистејците во Гезер. Тогаш Хушанецот Сивхај го уби Сипај, еден од Рефаимовите потомци. И тие беа покорени. 5#1 Сам 17,7И пак имаше војна со Филистеј­ците. Тогаш Елханан, синот Јаиров, го уби Лахмиј, Голијатовиот брат, од Гет, на кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно. 6Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прс­тите му беа по шест – вкупно дваесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци. 7Тој го навредуваше Израел, но Јонатан, син на Давидовиот брат Шима, го уби. 8Тие се беа родиле од Рефаимов­ците во Гет, и паднаа од раката на Давид и од рацете на слугите негови.

Селектирано:

1 Летописи 20: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се