Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 26

26
Чуварите на храмот
1Еве го распоредот на вратарите: од Кореовците: Мешеле­мија, Кореев син, од синовите Аса­фови. 2Синови на Мешелемија: првороден Захарија, втор – Једиаел, трет – Зева­дија, четврти – Јатниел, 3петти – Елам, шести – Јоханан, седми – Елјехоенај. 4#13,14; 2 Сам 6,11Синови Аведарови: првороден Ше­маја, втор – Јозавад, трет – Јоах, четврти – Сахар, петти – Натанаил, 5шести – Амиел, седми – Исахар, ос­ми – Пеулетај, зашто Бог го беше благословил. 6На синот негов Шемаја му се родија исто така синови, кои имаа власт во родот свој, бидејќи беа мажи силни. 7Синови Шемаеви: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, и неговите браќа, мажи храбри: Елијуј и Семахија. 8Сите тие беа од синовите на Аведар; тие и синовите нивни и браќата нивни беа мажи погодни и за служба способни: Аведар ги имаше шеесет и двајца. 9Мешелемија имаше синови и браќа, мажи способни – осумнаесет. 10#5 Мојс 21,16-17Хоса, од синовите Мерариеви, ги имаше синовите: Шимри, старешина, иако не беше првороден, но татко му го беше поставил за старешина; 11втор – Хелкија, трет, – Тевалија, четврти – Захарија; сите синови и браќа на Хоса беа тринаесет. 12Тоа беше распоредот на врата­рите според началниците на родови­те, спо­собни за служба заедно со браќата свои, за да служат во домот Господов. 13Тие фрлија ждрепка, како мали­от, така и големиот, според домовите на своите татковци, за секоја врата. 14Ждрепката за источната му се падна на Шелемија; фрлија ждрепка и за синот негов Захарија, мудар советник, и ждрепката му се падна за северната. 15#2 Лет 35,15На Аведар – за јужната, а на синовите негови – кај складовите. 16На Шупим и на Хоса на запад при Шалехетската врата, каде што патот се издига угоре и каде што стои стража спроти стража. 17Кон исток имаше по шестмина ле­вити, кон север – по четири, кон југ – по четири, а кај складовите – по двајца. 18Кон запад на патот кај тремот – по четири, а кај самиот трем – по двајца. 19#Ез 44,11; Неем 7,1Тоа беше распоредот на врата­рите од синовите Кореови и синовите Мерариеви.
Други служби во храмот
20А браќата нивни левитите ја надгледуваа ризницата на домот Божји и ризницата на посветените работи. 21Меѓу синовите на Ладан, Гирсо­нов син, старешини на домовите од Ладан Гирсонски, беа синовите на Јехиил. 22И синовите Јехиилови: Зетам и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом, 23заедно со потомците на Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил. 24Шевуел, син на Гершом, Мојсеев син, беше надзорник на ризниците. 25Брат му Елиезер имаше син Риха­вија, а тој – син Јешаија, а тој – син Јо­рам, а тој – син Зихриј, а тој – син Шело­мит. 26Шеломит и браќата негови ги надгледуваа сите ризници на светите рабо­ти, што ги беше посветил царот Давид и родоначалниците и илјадниците, стотниците, и војсководачите. 27Од воениот плен тие посветуваа за одржување на домот Господов. 28#2 Сам 9,9И сѐ, што беше посветил Самоил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Аве­нир, синот Ниров, и Јоав, синот на Саруја, сето посветено беше под рацете на Шеломит, и браќата негови.
Задолженијата за останатите левити
29 # 5 Мојс 17,8-13 Од родот Јицхаров: Хонанија и си­новите негови беа одредени за надворешна служба во Израел, за писари и судии. 30Од родот Хевронов: Хашавија и браќата негови, храбри мажи, илјада и седумстотини, имаа надзор над Израел, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба. 31#2 Сам 5,4Во родот Хевронов Јерија беше началник на Хевроновците, во нив­ните родови, во поколенијата нивни. Тие беа преброени во четириесеттата година од Давидовото царување, и меѓу нив се најдоа јунаци мажи во Јазер Галаадски. 32И браќата негови, мажи способни, две илјади и седумстотини, беа начал­ници на домовите. Нив ги постави царот Давид над племето Рувимово и Гадово и половината од племето Мана­сиево за сите Божји и царски работи.

Селектирано:

1 Летописи 26: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се